Home » Во фокусот » “Гемиус” почнува да наплаќа – сајтовите се двоумат дали да продолжат да се мерат

“Гемиус” почнува да наплаќа – сајтовите се двоумат дали да продолжат да се мерат

Гемиус“, полската компанија за статистичка анализа на веб портали, која во Македонија е присутна преку филијала на бугарскиот партнер „Гемиус Бугарија” ЕООД,  најави дека од 01.01.2014 год. почнува да ги наплаќа своите услуги и за македонските портали.

Македонските веб сајтови кои ќе сакаат да учествуваат во мерењата и истражувањата на “Гемиус” беа известени дека во иднина ќе мора да одвојат дел од својот буџет доколку и понатаму сакаат да го задржат кодот од Гемиус со кој добиваат анализа на нивните читатели преку услугите gemiusTraffic  и gemiusAudience.

Според предлог договорот испратен од Гемиус, понуден е следниов ценовник:

Гемиус плаќање

Од Гемиус, исто така, најавуваат дека македонските веб сајтови првите 6 месеци ќе користат попуст од 75%, следните 6 месеци 50%, потоа 25% и дури во средината на 2015 година ќе почнат да ја наплаќаат целата сума.

Гемиус е втората компанија која се обидува да се наметне на интернет пазарот како независно тело за испорачување на релевантни истражувања и метрики во однос на публиката која ги посетува македонските портали, откако Нилсен претходно имаше сличен проект од кој после неколку месеци беше отстапено.

Факт е дека независно на тоа што Гемиус успеа да воспостави соработка со многу водечки интернет портали, имаше и такви медиуми кои одбија да бидат мерени од Гемиус а нивното оправдување беше дека сеуште незаменлив report за интернет публиката е оној на Google (Google analytics) – кој воедно сеуште е и најбаран извештај од медиа планерите во маркетинг агенциите.

Маркетинг365 побара мислење од повеќе сопственици на портали во Македонија, дали ќе продолжат да соработуваат со Гемиус и нивните одговори беа поделени.

Оние што не планираат да потпишат договор со Гемиус сметаат дека овој дополнителен трошок за нив е непотребен и дека маркетинг агенциите се всушност оние кои единствено треба да платат за да добијат извештај за публиката на интернет медиумите, а оние кои ќе продолжат да соработуваат со Гемиус, воглавно се надеваат дека соработката ќе им донесе подобра промоција на нивниот медиум и можност за повеќе кампањи.

Какво е Вашето мислење на оваа тема?

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365