Home » FMCG » General Mills го купува Blue Buffalo за 8 милијарди долари

General Mills го купува Blue Buffalo за 8 милијарди долари

General Mills, производителот на сладоледите Häagen-Dazs и на житарките Cheerios, постигна договор за купување на производителот на храна за домашни миленици Blue Buffalo, во вредност од 8 милијарди долари.

Одлуката за преземање на производителот на храна за домашни миленици, која е е богата со антиоксиданси, се вклопува во актуелниот тренд меѓу глобалните прехранбени гиганти, кои сè почесто се решаваат за аквизиција со помалите производители на природни и на органски производи.

Во храната за домашни миленичиња, како и во човечката храна, потрошувачите бараат повеќе природни и премиум производи“, изјави Џеф Хармеринг, главен извршен директор на General Mills.

Вредноста на акциите на компанијата Blue Buffalo, со седиште во државата Конектикат, минатата година се зголемила за 17%. Во претходните три години, компанијата остварила пораст на нето-продажбата за 12%, а во 2017 година, приходот достигнал до 1,3 милијарди долари.

General Mills е една од неколкуте глобални прехранбени компании, која се фокусира и на пазарот на производи за домашни миленици, чија вредност во САД се проценува на 30 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365