Во следните 20 години, човештвото ќе се промени повеќе отколку што се промени во последните 300 години, а за да ја зачуваме иднината на човештвото, ние мора да вложиме во човекот подеднакво колку што вложувеме во технологијата.
Герд Леонард, еден од водечките светски футуролози кој става фокус на последните прогнози во областа на бизнисот, општеството, медиумите, технологијата и комуникациите, ќе биде говорник на конференцијата Future Tense, која ќе се одржи на 2 октомври во Загреб. Wall Street Journal го нарече Леонард како еден од водечките медиумски футуролози.
Герд истакнува дека човештвото ќе се промени во текот на следните 20 години повеќе отколку што се променило во изминатите 300 години. Признатиот футуролог вели дека моменталното клучно прашање за развојот на човештвото е како да се води и насочи развојот на науката и технологијата, со цел на крајот, да ја исполнат својата примарна функција, а тоа е да им служат на човештвото и неговиот напредок. Леонард за најголема промена во насока на човековиот развој ја смета појавата на вештачката интелигенција и промените во човечкиот геном и истакнува дека мораме поеднакво да вложуваме во човештвото колку што вложуваме и во технологијата.
Се наоѓаме на пресвртница на спојување на технологијата и човештвото
Герд Леонард тврди дека сме на пресвртница во многу области на науката и технологијата, развој за кој сведочиме дека е двојно побрз од било кога. Научната фантастика станува нашата реалност. Машините веќе може да ги прават работите кои некогаш биле можни само од човекот, но во иднина ќе можат и повеќе, како на пример, разбирање на јазикот, препознавање на сложени слики или користење на човечкото тело на многу флексибилен и прилагодлив начин. Токму за она што не` очекува во следните 10 години, кога станува збор за влијанието на технологијата врз човештвото, ќе зборува на конференцијата Future Tense во Загреб. Леонард смета дека во иднина ќе бидеме целосно зависни од машините во секој аспект на нашиот живот, предвидува “спојување” човекот и машината преку зголемена реалност (augmented reality), виртуелна реалност, холограми, имплантати и интерфејси кои се дизајнирани со помош на нанотехнологијата и синтетичката биологија.
Како пример, наведува дека во последните пет години нема да има потреба да се пребарува на Гугл каде има најдобро суши во некој град или што да јадеме, системот веќе ќе знае каде сме, што ни е потребно и што сакаме да јадеме, со кого сме и колку пари имаме на располагање.
Тој нагласува дека мораме да бидеме свесни дека сами ја создаваме иднината што доаѓа и дека ќе бидеме одговорни за неа. Тој е оптимист во врска со иднината, но напоменува дека мора да практикуваме холистички пристап кон технологијата за да ја заштитиме суштината на тоа што значи да се биде човек. Не смееме да се откажеме од хуманоста во замена за постигнување на неограничена интелигенција која не е биолошка. Технологија треба да биде средство за постигнување на целта, а не цел за себе.
Герд Леонард е автор на шест книги со повеќе од 1500 ангажмани во 50 земји на полето на футурологијата. Тој е основач на агенцијата TheFuturesAgency, во која има повеќе од 30 футуролози. На листата на клиенти има повеќе од 300 компании; од финансиски, медиумски и технолошки компании до јавна администрација.
Со Леонард на конференција Future Tense ќе зборуваат и футуролозите Арик Дром на тема паметни градови, Дејвид Бирч поддржан на тема иднината на плаќањата, а за иднината на храната ќе зборува футурологот за храна, Морган Гај.
Повеќе информации за конференцијата, побарајте на www.futuretense.eu