battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Герила маркетинг » 5 примери на користење герила маркетинг за општото добро

5 примери на користење герила маркетинг за општото добро

Герила маркетингот е одличен начин како да се постигне голем ефект со мали средства и одлична идеја. Затоа тој е еден од најдобрите типови на маркетинг и за организациите кои се стремат да ја зголемат јавната свест за хуманост и општо добро.

Во оваа статија ви пренесуваме 5 примери на герила маркетинг искористен токму за таа цел.

1. Паркинг за пијани возачи

Герила маркетинг 1

Кампања посилна отколку кое и да било предавање против возењето во пијана состојба.

2. „Градот од Шатори“

герила маркетинг 2

Оваа кампања се состоеше во поклонувањето на шатори на сите бездомни лица во Париз, со што градот стана преплавен со шатори кои постојано ќе ги потсеќаат Парижани на овој проблем. Кампањата беше дело на хуманитарната оганизација Médecins du Monde.

3. „Секој има право на дом“

герила маркетинг 3

Инспирирани од страна на туристичкото биро на Даблин, Ирска кое постави плакети кои ги обележуваа куќите во кои живееле славни личности, организацијата Focus Ireland истотака постави слични плакети во различни делови од градот кои ги обележува „домовите“ на бездомниците во градот.

  4. Кампањата на Feed SA за обезбедување на храна за сиромашните луѓе од Африка

 герила маркетинг 4

Кампања која сигурно не оставила некого рамнодушен. Оваа кампања е направена од страна на агенциите TBWA, Hunt и Lascaris од Јоханесбург за добротворната организација Feed SA и се состои во поставувањето на слики од деца кои питат во количките за пазарење во маркетите, со што се добива ефект на давање на храна на овие деца на кои навистина им е потребно тоа и еден потсетник за еден од најголемите проблеми на човештвото во овој момент.

 

5. „За бездомниците, секој ден е борба“

герила маркетинг 5

Оваа кампања е дело на фондацијата Father Bob Maguire од Австралија која со само неколку лепенки на корпите за отпад успеа да пренеси една силна порака до луѓето.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365