Home » Во фокусот » Годишно собрание на ЗОЈМ : Икономов разрешен од функцијата Претседател, Етичкиот кодекс конечно усвоен !

Годишно собрание на ЗОЈМ : Икономов разрешен од функцијата Претседател, Етичкиот кодекс конечно усвоен !

Ако на минатата годишна конференција членовите на Здружението за односи со јавноста на Македонија (ЗОЈМ) се состанаа еден спрат “под-земја“ (во подземните простории на хотелот Порта)  за оваа година ќе заклучиме дека поприлично напреднаа одејќи дури пет спрата над земјата во комфорните простории на Стопански комори на РМ !

И ако локацијата значително се подобри, тоа секако неможе да се каже во однос на бројот на членови кои беа присутни на оваа годишна конференција, бројка речиси преполовена од основачкото собрание, нешто што искрено се надевам дека ќе биде сфатено како сериозна порака до раководните органи дека ако продолжат со истото темпо на активности како досега веројатно наредната година собранието ќе го сочинува само управниот одбор, преполовен.

Но да бидеме оптимисти. Ентузијазмот присутен во Саботата (добро де, тој во последниите 30-тина минути од годишното собрание) дава надеж дека работите може да се променат судејќи и по тоа што за најважните работи (Годишната програма, Етичкиот кодекс и иницијативата за разрешување на претседателот) се гласаше речиси едногласно и по тоа што активностите предвидени за нареднава година во голема мера се за “протресување од зимскиот сон“ и промовирање на здружението како водечка сила за промоција и унапредување на фелата.

Искрено, најмногу радува позитивната енергија и ведриот дух меѓу повеќето присутни што веруваме дека ќе биде движечки елан во предизвиците што претстојат !

Најважните работи што ќе останат во сеќавање од ова годишно собрание 2014 се следниве.

1. Досегашниот претседател на ЗОЈМ, Г-дин Константин Икономов беше разрешен од функцијата Претседател по поднесена иницијатива на 1/3 од членовите на здружението која беше изгласана со 2/3 мнозинство од членовите на собранието.

Во иднина в.д. Претседател до следното Изборно собрание ќе биде Г-ѓа Славица Биљарска-Мирчески, досегашен под-претседател на здружението.

2. ЗОЈМ го усвои Етичкиот Кодекс, документ според кој сите членови на ЗОЈМ одсега и формално прифаќаат определени етички нормативи и стандарди во својот професионален ангажман кои промовираат чесност, искреност и одговорност и се сложуваат дека во иднина нивното професионално дејствување ќе биде мониторирано од Судот на честа на Здружението за односи со јавност на Македонија, кој го задржува правото да му забрани членство или да исклучи член за кој ќе утврди дека прекршил некое од начелата на Етичкиот кодекс на ЗОЈМ, како и јавно да осуди неетичко однесување на кој било професионалец во областа на односите со јавност.

Членовите на собранието на ЗОЈМ исто така ја усвоија и предлог-програмата на Управниот одбор за работа на здружението во 2014 година која вклучува низа активности во насока на идентификување на состојбата на ПР професијата во РМ, развивање и подготовка на прирачник за професионални стандарди, подготовка и издавање на електронска публикација – речник на ПР зборови, организирање на ПРостор… |како подрачје, област на некакво дејствување, формирање на уреднички тим на блогот на ЗОЈМ, подготовка и дистрибуирање на месечен е- весник на ЗОЈМ и низа други активности во прилог на промовирање на здружението и негово кредибилитетно позиционирање во заедницата.

Им посакуваме многу успех !

ne zaboravaj deka moze da rastes

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365