Home » Во фокусот » Голден Драм со нов визуелен идентитет се враќа во Порторож

Голден Драм со нов визуелен идентитет се враќа во Порторож

Еден од најценетите регионални креативни фестивали, Голден Драм (Golden Drum), за своето наредно, 25-то издание повторно ќе не пречека во старо-новата локација Порторож, откако последниве неколку години се оддржуваше во Љубљана.

Оваа новина е надополнета и со уште една. Нов визуелен идентитет кој за фестивалот го направи агенцијата Luna/TBWA Ljubljana.

Креативците на Lunda/TBWA  тргнаа од визуализација на тапан со палица, поедноставувајќи го и стилизирајќи го така што финалната верзија да одразува три конотативни промени истовремено: тапан со палица, оддек и буквата Г.

Изразениот минимализам, ликовна чистина, модерност и јасност во бојата кај новиот идентите дава чуство на безвременост и препознатливост што ни дава за право да се надеваме дека овој визуелен идентитет може да стане и остане константа на Фестивалот подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365