Брендовите кои претставуваат 20% од производството на пластични пакувања на глобално ниво се меѓу потписниците на најновата иницијатива на Обединетите нации за искоренување на пластичниот отпад и загадувањето.
Фондацијата Ellen MacArthur, во соработка со Одделот за животна средина на Обединетите нации, ја предводи иницијативата наречена New Plastics Economy Global Commitment, која ја поддржаа 250 организации и брендови.
Меѓу потписниците се брендовите како Danone, H&M group, L’Oréal, Mars Inc., PepsiCo, The Coca-Cola Company и Unilever.
Иницијативата беше поддржана и од големите производители на амбалажи, како што се Amcor, Novamont и компанијата за управување со ресурси Veolia.
Три од брендовите потписници – Кока Кола, ПепсиКо и Нестле – минатата година беа прогласени за најголеми загадувачи со пластика во светот, во рамките на индексот кој го прави движењето Break Free From Plastic.