Home » Во фокусот » Google Chrome го прославува 10-тиот роденден со нова кампања

Google Chrome го прославува 10-тиот роденден со нова кампања

Едно од имињата без кои не може да се замисли интернетот денес е Google Chrome, кој во последните десет години стана убедливо најпопуларниот пребарувач во светот. Овој септември, пребарувачот на Google одбележува јубилеен 10-ти роденден, кој Google одлучи да го прослави со кампања “Don’t Be a Browser“, која е изработена во партнерство со агенцијата Virtue.

Во изминатите десет години, односот на луѓето кон интернетот драстично се промени. Интернетот и Chrome прераснаа од место кое повремено го посетувавме во фундаментален дел од нашиот секојдневен живот. Оваа алатка ја отвора вратата за луѓето да работат, да создаваат и да се поврзуваат со апсолутно било што и било кој во секое време. Но, и покрај глобалното влијание, неговата беспрекорна интеграција и сеприсутност во нашите животи, понекогаш го турка брендот во позадина.

Кампањата “Don’t Be a Browser” сака да нè потсети на сите работи кои ни ги овозможува оваа скапоцена алатка, а истакнува дека самиот интернет може да биде алатка за добро и обединувачки фактор за сите нас.

Пораките на спотот во целина е дека целта на Chrome е да ни овозможи да го правите она што го сакате, наместо само да седите и гледате како вашиот живот поминува пред вашите очи.

Камерон Фарели, главен креативен директор на агенцијата Virtue, по повод кампањата изјави: “За десет години Chrome претставува прозорец кон информациите од целиот свет и алатка која овозможува акција. Кампањата “Don’t Be a Browser” е признание на сите начини на кои луѓето работат, постојат, креираат, поправаат, градат, пребаруваат, прашуваат, учат и откриваат, со помош на Chrome на своја страна. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365