Home » Digital » Google ги комерцијализира Google Maps преку промовирани ‘иглички’ и пребарувања

Google ги комерцијализира Google Maps преку промовирани ‘иглички’ и пребарувања

Google ги претвора Google Maps во свој најнов извор за приходи од реклами, тестирајќи спонзорирани ‘иглички’ (пинови) и пребарувања.

Компанијата врши ‘мали’ експерименти со промовирани ‘иглички’, со кои, на пример, некоја Starbucks продавница во близина ќе му биде обележана на корисник кој гледа на Google Maps, заедно со промотивна порака.

Promoted_Pin_Blogpost_1

Според Google, една третина од мобилните пребарувања се поврзани со локација.

Џери Дишлер, потпретседател за Product management во Google, изјави дека платформта може да вклучува и други податоци со кои ќе одлучи дали да прикаже некоја промовирана ‘игличка’ на корисниците.

“На пример, вие може да барате ‘места за ручек во близина’, а ние знаеме дека сакате да пиете кафе после ручек,” изјави тој, додавајќи: “Или пребарувате нешто на Maps, а знаеме дека е време кога обично сакате да пиете кафе, па може да ви прикажеме некоја ‘игличка’.”

Спонзорираните ‘иглички’ ќе може да се појавуваат дури и кога некој корисник ќе користи навигација до некоја локација. На прашањето дали ова може да го одвлече вниманието на оние кои ги користат Google Maps при возење, Дишлер изјави: “Држиме високо ниво за релевантност и квалитет, па затоа не сметаме дека ќе го одвлекуваат вниманието. Тоа е подобрување на севкупното корисничко искуство.”

Тој додаде: “Се’ уште работиме на ова и сме сигурни дека ќе изнајдеме начини како да го направиме да биде релевантно за корисниците.”

Друга новост се спонзорираните резултати на Google Maps. Google тивко лансираше нов огласувачки елемент кој се појавува веднаш до органските резултати во рамки на картите, за кој Дишлер смета дека не изгледа нападно.

Исто така, Google од сега ќе ги смета пребарувачките листи на Maps како дел од Google Search, што значи дека брендовите ќе може да се рекламираат и на Search и на Maps релативно лесно.

Дишлер не коментираше за цените и кога овие нови услуги ќе бидат лансирани пошироко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365