Home » Digital » Google го менува начинот на прикажување резултати во пребарувањето

Google го менува начинот на прикажување резултати во пребарувањето

Во горниот дел на екранот при пребарување, Google ќе прикажува вести од сајтови на кои корисниците плаќаат преплата, а компанијата со издавачите ќе споделува информации за историјата на пребарувањето.

Големите издавачи, како што се Вострит Журнал, Њујорк тајмс, Вашингтон пост и други се` потешко се финансираат од приходи од рекламирање, па се фокусираат на зголемување на бројот на претплатници со цел да ги зголемат приходите.

Според некои проценки, Њујорк Тајмс ќе се издава во пе;атено издание уште само десетина години, a потоа сите содржини ќе бидат достапни само во дигитална форма и (големите) издавачки куќи веќе треба да работат на тоа со текот на времето, бројот на дигитални претплати да биде поголем од продажбата на печатени примероци.

Дел од издавачите веќе некое време вршат притисок врз Гугл и Фејсбук и бараат да развијат алатки кои ќе им помогнат во привлекување на нови претплатници и на тој начин овие платформи, на кои во текот на годините се ширеа лажни вести, би придонеле за “новинарство на кое може да му се верува” .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365