Home » Digital » Гугл го посвети вчерашното лого на работничката класа

Гугл го посвети вчерашното лого на работничката класа

Денот на трудот, денот кога се слават достигнувањата на работничката класа, го одбележа и Гугл со поставување алатки на своето лого.

Google Doodle, како што се нарекува логото на почетната страница на прелистувачот, вчера беше украсено со бројни детали со цртежите, од книги, чизми, градежни алатки па се до очила, ракавици, заштитни шлемови и медицински слушалки.

Вчерашниот ден се обележува во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за зачувување и унапредување на нивните права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365