Home » Во фокусот » Google и WordPress инвестираат 1,2 милиони долари во систем наменет за новинари

Google и WordPress инвестираат 1,2 милиони долари во систем наменет за новинари

Google News Initiative досега се фокусираше на развивање решенија за големите издавачи, но со 1.2 милиони долари вреден систем, ќе се насочи на малите редакции и независни медиуми

Во последниве години, многу мали и независни медиуми мораа да престанат да работат. Економската криза, во комбинација со разни политички превирања, во голема мера ја промени медиумската сцена низ светот.

Со цел да се обидат да го забават овој тренд, Google News Initiative и WordPress ги здружија силите за да создадат “брз, сигурен и ефтин систем за објавување на вести, кој ќе биде по мерка на малите редакции” – Newspack.

Google News Initiative досега се фокусираше на развивање решенија за големите издавачи, но со 1.2 милиони долари вреден систем, ќе се насочи на малите редакции и независни медиуми.

“Новинарите кои лансираат нови дигитални изданија се соочуваат со големи технички проблеми и проблеми во работењето. Нема никаква смисла што секоја група на локални новинари треба да ја смислуваат вистинската комбинација на рубрики, да ангажираат експерти за технологија и корисничко искуство, а потоа сето тоа да го претворат во совршен систем за објавување на вести, со цел да допрат до своите читатели“, објаснуваат од Google News Initiative.

Newspack треба да ги обезбеди неопходните технолошки алатки за малите редакции, за да можат да се фокусираат на наоѓање на вести.

Тоа е причината зошто Newspack вклучува веб дизајн, конфигурација на CMS и систем на продажба на реклами. Покрај тоа, ќе ги поддржи веќе постоечките WordPress плагини, а сето тоа по цена од 1.000 до 2.000 долари месечно.

Во целата приказна се вклучува и Automattic (основната компанија на WordPress) и неколку новинарски здруженија и фондации кои ќе инвестираат дополнителни милион долари во проектот.

Од Гугл најавија дека развојот на Newspack ќе започне во следните неколку недели, а се очекува за јавноста да биде достапен до крајот на годината. Секој заинтересиран за учество во тестирањето може да се пријави на официјалниот блог на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365