Home » Digital » Google им помага на корисниците да ги ограничат таргетираните реклами

Google им помага на корисниците да ги ограничат таргетираните реклами

Google ја претстави својата обновена секција Ad settings, која би требало да им олесни на корисниците да научат како се таргетираат рекламите, како и да го намалат тоа таргетирање на рекламите.

Сега е можно да се видат сите фактори на таргетираните реклами со еден поглед, со објаснување на нивното присуство и опција за нивно гасење или измена на поставките.

Корисникот не може целосно да го оневозможи таргетирањето на рекламите, но сега се обезбедени доволно опции со цел да се лимитираат рекламите на генеричките фактори, како што се сајтовите кои се посетуваат и времето во текот од денот.

Кога ќе се појават рекламите, корисникот ќе има подобро објаснување за нивното присуство. Линк со ознака “why this ad?” сега е достапен на секој сервис кој прикажува Google реклами, како и речиси сите сајтови кои се партнери со Google во областа на рекламирањето.

Промената на Ad Settings секцијата, би можела да биде корисна за оние кои се загрижени дека Google таргетираното рекламирањето е премногу нападно. Покрај тоа, овој потег покажува дека Google прави сериозни напори да ги убеди корисниците дека нивните приватни податоци ќе бидат безбедни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365