Home » Во фокусот » Гугл, Мајкрософт и Наса не можат без него – На денови на комуникации запознајте го светски познатиот етички хакер

Гугл, Мајкрософт и Наса не можат без него – На денови на комуникации запознајте го светски познатиот етички хакер

Единствениот хакер кој никогаш нема да ви ги украде податоците, Ралф Ехемендиа, пристигнува во Ровињ да ги открие опасностите кои демнат во онлајн светот

Најпознатите етички хакер и консултант во откривањето на сајбер опасности, Ралф Ехемендиа, доаѓа на Денови на комуникации и порачува: Сите можеме да бидеме хакирани. Прифатете го тоа.

Ралф Ехемендиа е светски познат хакер кој едуцира за опасностите во сајбер-просторот. Гугл, Мајкрософт и НАСА го ангажирале за да ги едуцира нивните технички тимови. Особено е интересно тоа што тој бил ангажиран како стручен консултант за време на снимањето на хит серијата Mr. Robot и филмовите Snowden и Nerve, а исто така бил задолжен за откривање на тоа кој го пуштил во јавност албумот на Еминем без овластување.

Животот во онлајн светот стана секојдневие, а Ралф Ехемендиа ќе ја открие тенката линија помеѓу сајбер безбедноста и заканите. Тој е чест гостин на многу фестивали на кои го споделува искуството за “хакирање на Холивуд”. Популарните теми како што се кражба на идентитет, продажба на податоци, лажни вести и ранливоста на криптовалутите се секогаш поздравени со овации од публиката.

Ехемендиа нема да ги едуцира учесниците во Ровињ за тоа зошто се случува хакирањето, туку како се случува и ќе објасни зошто секој податок – како на креативниот процес на агенцијата или доверливите информации во огласувањето – има голема вредност.

Научете како да ги заштитите вашите онлајн податоци на динамичното предавање “How safe are we?” на фестивалот Денови на комуникации кој ќе се одржи во Ровињ, од 28 до 31 март 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365