Home » Digital » Google работи на специјален пребарувач наменет за Кина и нејзината регулатива

Google работи на специјален пребарувач наменет за Кина и нејзината регулатива

Интернет страницата The Intercept ги објави деталите за проектот со кодно име Dragonfly на Google, кој вклучува нов пребарувач за Андроид уредите специјално наменет за кинескиот пазар

Кина е голем пазар со повеќе од 750 милиони интернет корисници, од кои Google нема намера да се откаже. Веб-страницата The Intercept дојде до одреден документ според кој Google работи на нов пребарувач кој е специјално прилагоден за кинескиот пазар.

Компанијата Mountain View развива пребарувач кој целосно ќе ги задоволи сите правила во однос на Кина и ќе ги филтрира резултатите врз основа на критериумите на кинеските прописи.

Самиот проект за развој на алтернативен пребарувач за кинескиот пазар е познат како Dragonfly и барем првично е замислен како проект исклучиво наменет за оперативниот систем Андроид.

Портпаролот на Google официјално на овие информации одговори дека неговата компанија не сака да ги коментира гласините за нивните идни планови и дека Гугл во Кина веќе има одреден број на прилагодени мобилни апликации (Google Translate и Files Go) и инвестиции во локални компании (JD.com ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365