Home » Во фокусот » Гугл започна кампања за промоција на своите дигитални асистенти

Гугл започна кампања за промоција на своите дигитални асистенти

Google во новата кампања “Make Google Do It” преку дигитални билборди  ги повика жителите на Лондон повеќе да ги користат нивните гласовни асистенти.

Кампањата ја изработи агенција R/GA Лондон и ги претставува Google Home Mini и Google Asistent, детално опишувајќи ги сите задачи кои тие можат да ги вршат за корисниците. Тој концепт е претставен преку пораката “Play it. Skip it. Time it. Dial it. Forecast it. Remember it. Schedule it. Prep it. Do it.”

Во спроведувањето на кампањата R/GA и Google соработуваа со професионалците од агенциите за надворешно огласување Grand Visial, OMD UK и Talon, а креативните решенија кои се прикажани на дигиталните билборди се прилагодени на локацијата, времето од денот и други фактори, со цел публиката да може во даден момент лесно да се идентификува со нив.

Мег Леџер, клиент менаџер во агенцијата Talon изјави: “Надворешното огласување беше совршен канал за комуникација, за тоа како Google Asistent може да биде вашиот разигран асистент во текот на денот. Успеавме да го максимизираме ефектот на надворешното огласување со воведување на паметни контекстуални креативни решенија за да се поврземе со моменталното размислување и чувства на публиката која е во гужва. “

Ден Давсон, директор за креативна технологија на агенцијата Grand Visual, изјави: “За оваа кампања беа потребни повеќе од 100 различни пораки. Со паметен распоред на тие пораки, Google создаде свежа, навремена и атрактивна кампања која доприра до масовна публика и покажува колку далеку стигна овој медиум.”

Оваа акција е дел од поширока кампања што ќе се одвива и во кината, ТВ, печатот, дисплеј огласите и социјалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365