Home » Во фокусот » Градот Скопје донесе одлука за намалување на бројот на билборди

Градот Скопје донесе одлука за намалување на бројот на билборди

bilbordi_%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b4%d0%b8

Советот на град Скопје минатата недела донесе одлука за намалување на локациите за поставување на билборди низ Град Скопје. Наместо 1100 локации како што беше досега, со новта одлука, ќе има 800 локации за поставување мегалајти, ситилајти и ЛЦД панели.

Официјалното образложение поради кое се намалува бројот на локации е дека во текот на реализацијата на договорите за користење на локации за поставување рекламни паноа, дошло до одредени непредвидени работи, како што се проблемите со подземниот катастар, зелениот катастар, катастарот на недвижности и активностите на град Скопје за изградба на сообраќајници, раскрсници, плоштади, инфраструктурни објекти и на спомен обележја.

Поради намалувањето на бројот на билборди предвидено е да се намали и цената на користење на локации кон концесионерите за 18 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365