Home » Во фокусот » Grand Sempler за Универзал Медиа од Белград

Grand Sempler за Универзал Медиа од Белград

На четврточното свечено доделување на SEMPL наградите, каде веќе претходно пишувавме дека беше постигнат голем успех од македонската McCann Скопје со “Golden Sempler” за кампањата со Алкалоид – “Бекутан Радосница“ , беше доделена и своевидната гранд-при награда “Grand Sempler“ на целиот SEMPL фестивал која ја освои белградската екипа на Universal Media со својот медиски проект за кампањата “Сподели радост“ на клиентот Кока-Кола.

Универзал Медија - Universal Media Belgrade - Marketing365

Меѓународното жири составено од искусни учесници на медиа-маркетинг индустријата во регионов, кампањата “Shаre With..“ со која на илјадници шишиња Кока-Кола беа отпечатени најчесто употребуваните имиња во Србија, пријателите и фамилијата – ја оцени како кампања со најдобра комбинација на медиуми (media-mix) за изминатава година и ја претстави како одлично локализирање на ефикасната глобална идеја собирајќи најмногу поени од сите пријавени проекти.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365