Home » Во фокусот » Гратис пиво за сите Канаѓани во Европа

Гратис пиво за сите Канаѓани во Европа

gratis pivo

Стратегиите со правење на искуство со брендот (brand experience) се повеќе и повеќе стануваат практика на компаниите.  Дека маркетингот се врти се повеќе и повеќе кон ‘’fullfilling emotional needs’’ покажува и примерот на Канадската пивара Molson. Оваа Канадска компанија се решила да постави фрижидери со пиво во Лондон, Брисел и други градови ширум Европа со цел да им приреди изненадување на своите потрошувачи на глобално ниво.

Во полниот фрижидер со пиво бил поставен скенер и доволно било само да се вметне и скенира канадски пасош за да се отвори фрижидерот. На фрижидерот стоела пораката “Canadians, scan your passport to open fridge“.

Оваа идеја разбудила длабоки чувства кај Канаѓаните кои биле во Европа, и тие во тој момент биле посебно горди што се  Kанаѓани и добиле чувство дека се всушност дома.  Ова е секако еден добар пример за стратегија за изразување на бренд идентитет (коренот на брендот, земјата на потеклото на брендот) и овозможува да се диференцираме од конкуренцијата на посебен начин правејќи секако искуство со брендот.

Подолу следува ова прекрасно видео:

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365