Home » Во фокусот » Грција е лидер во регионот кога станува збор за online огласување

Грција е лидер во регионот кога станува збор за online огласување

03.12.2013

Грција, со вкупно вложени 94 милиони евра во online огласувањето за 2012 година (според AdEx Benchmark извештајот на IAB Europe) е лидер во регионот според сумата која тамошните огласувачи ја инвестирале за да се огласувааат на дигиталните медиуми.

Следува Бугарија со речиси тројно помалку (24 m) апсолутно инвестирани средства, која е нешто подобра од Романија (23 m).

Од Ex-Yu државите предничи Словенија, каде според податоците се инвестирани околу 16 милиони евра во online огласување а после неа следуваат Србија и Хрватска со по 14 милиони евра. Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Македонија не се ни опфатени со извештајот.

Според податоците кои ги презентираше Httpool Македонија во Мај годинава, online пазарот во Македонија се проценува дека бруто изнесува околу 2 милиони евра, но тоа е сума пресметана по регуларните ценовници и без попусти, плус кога ќе се знае дека кај нас голем дел од банерите се некаква компензација или размена на банери, доаѓаме до некоја бројка од 300.000 – 400.000 евра, колку отприлика изнесува сумата на online буџетите во компаниите.

AdEx Benchmark, IAB Europe

AdEx Benchmark, IAB Europe

Кога стануза збор за инвестирана сума компарирана со бројот на жители (инвестиција per capita), европски лидер е Норвешка каде се проценува дека по глава на жител се инвестираат 117,4 евра, далеку повеќе од Европскиот просек на 30,1 инвестирано евро. Второто место го зазема Данска со 93,8 евра по глава на жител, додека европскиот лидер по апсолутна сума на инвестиции во online огласувањето (како што пишувавме претходно) Обединетото Кралство е трет со 93,4 евра по глава на жител.

Од Регионот, најдобро повторно рангира Грција, каде по глава на жител се инвестираат 8,8 евра, следена од Словенија со 8,1 евро инвестиции во online огласувањето по глава на жител.

Другите суми погледнете ги од графиконот во продолжение:

Online огласување по глава на жител

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365