Home » Во фокусот » Гринпис направи продолжение на најмоќната Божиќна реклама која беше забранета

Гринпис направи продолжение на најмоќната Божиќна реклама која беше забранета

Организацијата за заштита на животната средина Гринпис и агенцијата Mother испратија директна порака од училниците до компаниите кои користат палмово масло

Една од омилените кампањи на јавноста оваа година, “There’s a Rang-tan in my bedroom“, која стана вирална откако беше забранета во Велика Британија заради политички пораки, доби свое продолжение.

Поточно, главниот јунак на кампањата, симпатичниот анимиран орангутан, стана своевиден симбол на иницијативата против производството на палмино масло. Кампањата првично беше направена за организација Гринпис, но потоа беше адаптирана за потребите на малопродажниот ланец Iceland.

Гринпис продолжува да ги повикува компаниите до 2020 година да се определат против купување палминото масло од оние кои најмногу ги уништуваат шумите, а во новиот спот деца во училиштата ги рецитираат стиховите од оригиналната реклама и испраќаат специјални Божиќни честитки до најголемите потрошувачи на палмино масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365