Home » Во фокусот » Guardian јавно објави дека им исплаќа рабат на медиа агенциите

Guardian јавно објави дека им исплаќа рабат на медиа агенциите

Guardian им исплаќа рабат на рекламните агенции во форма на слободен простор за рекламирање или пак плаќања во кеш во замена за одредени нивоа на потрошен износ – се вели во неодамна објавениот финансиски весник на вториот по големина издавач во Велика Британија.

guardia

Guardian Media Group наведува: “Групација склучува договори со маркетинг агенции. Договорите вклучуваат минимални трошоци  и обврските во однос на рабат се базираат врз основа а нивото на потрошен буџет од страна на агенциите за време на договорниот период.“

Овие рабати можат да имаат форма на бесплатен простор за рекламирање, плаќања во готово или пак комбинации од двете.Провизијата од рабатот се калкулира врз основа на предвидените трошоци за време на договорниот период и во согласност со договорните обврски“.

Калкулирањето на потребната провизија всушност означува проценка на трошоците во периодот кој следи а со тоа и детерминирање на нивото на трошоци кои можат да ги имаат агенциите за време на договорниот период.

Оваа пракса во Велика Британија е честа, но контраверзна е за Америка каде Националната Асоцијација  (the Association of National Advertisers) во јуни ги предупреди своите членки за овие ‘’продорни’’ и  нетранспарентни бизнис практики.

Оваа пракса може да биде спорна затоа што адвертајзерите може да сметаат дека секоја заштеда треба да им биде вратена, а воедно овој принцип не ја исклучува и можноста за соработка само со одредени сопственици на медиуми кои се ‘’подарежливи’’.

Guardian се верува дека работи на овој принцип подолго време.Тој е втор водечки издавач во Велика Британија кој вклучен е во вакви зделки следејќи го случајот со  Daily Mail & General Trust  од минатата година .

Извор: Campaign; Warc staff

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365