Home » Во фокусот » Gunn Media 100 ги открива најдобрите кампањи, агенции и брендови на светот

Gunn Media 100 ги открива најдобрите кампањи, агенции и брендови на светот

Кампањата на Мекдоналдс “Capacity Based McDelivery“ е најдобра на светот, MediaCom Лондон се наоѓа на врвот на листата на агенции, додека мрежата MediaCom го држи првото место и на листата на мрежи. WPP е на чело на холдин компаниите, Nike е најдобар бренд, а Unilever најдобар огласувач

Gunn Report, глобалниот индекс на извонредност во огласувањето, ги објави резултатите на својата Gunn Media 100 листа за 2018 година, која на глобално ниво ги рангира најуспешните и најценетите светски кампањи и комапнии врз основа на нивниот успех на медиумските натпрeварувањa во цел свет.

Gunn Report, ги следи добитниците на речиси 30 најзначајни глобални, регионални и национални медиски награди, со цел да ја состави Gunn Media 100 листата на стотте најдобри кампањи во однос на креативноста и медиумските иновации. Покрај тоа, извештајот вклучува и листи на најуспешните агенции, мрежи, холдинг компании, брендови, огласувачи и земји.

Највисоко рангирана кампања во извештајот Gunn Media 100 за 2018 година е кампањата на Мекдоналдс “Capacity Based McDelivery“, која беше изработена од агенцијата OMD Сингапур. За да ја одржи конкурентската предност, Мекдоналдс ја подобри услугата за испорака во Сингапур во партнерство со Google.

Со интегрирање на податоците на Мекдоналдс од прва рака со хипер локалното таргетирање на Google, се зголеми ефикасноста на инвестициите во медиумите и управување со очекувањата на потрошувачите за време на испорака, преку прилагодени пораки и мапирање на податоците за ресторани во реално време преку платени реклами во пребарувањето со користење посебен API.

Три теми може да се препознаат од најуспешните кампањи на светот кога станува збор за медиумска извонредност:

  • Податоците водат кон нови приоди на медиумите. Најголемите кампањи се изградени со паметно користење на податоци. Оваа тема често се повторува на ранг листата, бидејќи брендовите сакаат да користат повеќе извори на податоци за да обезбедат конкурентна предност.
  • Стратегијата базирана на настани им помага на брендовите да се истакнат. Додека брендовите се борат да обезбедат видливост во фрагментираниот медиумски пејзаж, се зголемува фокусот на настани, како што се Супер Боул, изборните дебати и Олимписките игри. Овие настани можат да ја привлечат јавноста, како и интересот на медиумите.
  • Партнерствата се клучни за медиумските стратегии ориентирани кон младите. Партнерствата со организации или поединци кои придонесуваат со сопствениот домен, сега се клучен елемент на медиумската стратегија, особено за брендовите кои се насочени кон помладата публика.

Агенцијата MediaCom Лондон го зазеде првото место на листата на агенции на Gunn Media 100 извештајот, благодарение на четири кампањи кои се рангирани во Топ 100: “Best Day Of My Life“ за Shell (#6), “Singing Our Way To The Top Of The Box Office“ за Universal Pictures (#22), “Missing Type“ за NHS Blood & Transplant (#30) и “Dark To Light“ за Gucci Guilty (#77).

Покрај првото место на агенциската листа, MediaCom е на првото место и на листата на мрежи, благодарение на осум свои агенции од целиот свет (Окленд, Богота, Дизелдорф, Лондон, Мумбаи, Мелбурн, Мексико и Њујорк) кои придонеле за одличен пласман на мрежата.

За прв пат, Gunn Media 100, вклучи и листа на топ холдинг-компании. WPP се најде на чело на листата, со три свои мрежи рангирани во топ 10 – MediaCom, Mindshare Worldwide и WaveMaker.

Nike ја зазема првата позиција како врвен бренд со четири кампањи во топ 100, сите од САД, додека Unilever ја освои највисоката позиција меѓу огласувачите.

САД доминираше на топ листите на овогодинешниот Gunn Media 100 извештај, со 30 кампањи во првите 100, од кои дури 12 влегоа во првите 20. Следи Велика Британија со 11 кампањи, па Австралија и Индија, кои се изедначени на третото место. Вкупно се застапени 24 земји.

Целиот извештај Gunn Media 100, кој ги вклучува најдобрите светски кампањи за медиска извонредност, 50 најдобри агенции, мрежи брендови, огласувачи, земји и холдинг компании, како и коментари, студии на случај и детали за тимовите кои стојат позади тие кампањи, е достапен со претплата на www.warc.com/gunnreport.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365