По четири години пауза, Hellmann’s, бренд на компанијата „Унилевер” повторно се најде на полиците во македонските продавници, а увозник на овој бренд е компанијата „Кола”.
Погоните за производство на мајонезот Hellmann’s наменет за македонскиот пазар се наоѓаат во Велика Британија, а кај нас производот ќе биде достапен во пакување од 600 г.
Од компанијата увозник на овој бренд, најавуваат период исполнет со бројни маркетинг-активности кои ќе имаат за цел потсетување на потрошувачите на брендот Hellmann’s, подобро позиционирање во маркетите, заземање на екстра позиции и палетни места, како и активности за зголемување на видливоста и потенцирање впечатливоста на производот.
Hellmann’s прв пат се појавува во 1913 година во Њујорк, САД и набрзо го пронаоѓа патот до голем број лојални потрошувачи. Во Македонија првпат се појавува во 70-тите години.
Извор: InStore