battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Истражувања » Како и зошто да ги таргетирате “мајките“ ?

Како и зошто да ги таргетирате “мајките“ ?

Пред неколку дена благодарение на google alert добив интересен инфографик поврзан со навиките и начините на поврзување на “мајките“ на интернет и аргументи про кои ги прават совршен таргет за голем број на брендови.

Не дека не сме знаеле дека “шефот“ во кујната, во поново време обожава да се заседи на компјутер и да сурфа по блогови и социјални медиуми…и дека е важно да види што “..е најдобро за нејзините најблиски…“ – па кога ќе оди во супермаркет да се сети (таа.. или нејзината потсвест) и да го купи тоа….но искрено речено..никогаш не сме (т.е. јас не сум) видел/е БРОЈКИ како сето тоа изгледа.

Инфографикот вели дека кога бренд апостолите (на факултет ги викаа и “евангелисти“) би ги сегментирале – “мајките“ би биле едно големомнозинство. …и вели дека дури 2/3 од нив слушнале (научиле) за определен производ или услуга од социјалните мрежи..

Исто во очи паѓаат бројките дека:

– дури 84% од испитаните мајки кога барале некаква препорака за некаков производ или услуга – оделе online…..и

– дека 74% од нив купиле производ за кој виделе препорака на БЛОГ.

А како “мајките“ се однесувале кога ќе добијале некаква награда од определен блог…и многу повеќе…погледнете од самиот инфографик:

Мајките во online светот - однесување и навики (инфографик)

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365