Почнувајќи од 2019 година компанијата Хенкел најави дека ќе троши околу 300 милиони евра годишно дополнително на капиталните годишни вложувања од 800 милиони евра
Хенкел откри дека планира да троши дополнителни 300 милиони евра (341 милиони долари) годишно за развој на онлајн операции, додавајќи дека брендовите како што се Persil детергент и шампоните Schwarzkopf, оваа година оствариле профит.
Ова известување следуваше откако германскиот производител на проиводи за широка потрошувачка претходно пријави слаб раст, со зголемување на продажбата од 2,4% на 19,9 милијарди евра (22,65 милијарди долари) и раст на прилагодената заработка по акција (EPS) од 2, 7%. Целокупните резултати ќе бидат објавени на 21-ви февруари.
Компанијата соопшти дека ќе потроши околу 300 милиони евра годишно, почнувајќи од 2019 година дополнително на капиталните годишни инвестиции од 800 милиони евра. Околу две третини од овие пари ќе бидат инвестирани во брендови, иновација и маркетинг, додека остатокот се наменети за дигитална трансформација.
Германската компанија се натпреварува со американскиот ривал Procter & Gamble околу уделот на пазарот, особено за уделот во детергенти и средства за чистење, откако Хенкел ја купи Sun Products, која е позната по брендот Snuggle, за 3,6 милијарди долари во 2016 година.