Home » Во фокусот » Хипи реклама на Фолксваген со нивните култни модели

Хипи реклама на Фолксваген со нивните култни модели

Ретко ќе видете Тв реклама на производител на автомобил (а можеби и никогаш) во која во ниту еден кадар нема да се појави некој од нивните нови модели. Но, токму тоа го направи Volkswagen во својата нова реклама инспирирана од хипи генерацијата, со која ја промовира шестгодишната гаранција која е двојно поголема од онаа која обично ја нудат конкурентите на американскиот пазар.

Таканаречената „People First“ гаранција е еден од потезите со кој овај германски бренд и понатаму се опоравува од скандалот со издувни гасови на нивните дизел модели од 2015 година, а кој ја загрози довербата на потрошувачите која Volkswagen ја градеше со децении.

Новиот спот, под називот „Rain“, го изработи агенцијата Deutsch L.A., и ни ги враќа култните VW модели на комбиња и буби, заедно со хипиците кои се качуваат во класичен VW минибус за време на дождовна бура на некој од музичките фестивали, налик на Вудсток. Музичката позадина на спотот е песната “With a Little Help from My Friends” во извдба на Џо Кокер. Откако хипиците ќе успеат да извадат минибусот од калта, позади него се појавува класична VW буба, додека нараторот ја претставува новата гаранција: „Возачите на Volkswagen секогаш ги ставаат другите на прво место, сега им ја враќаме услугата.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365