Компанијата Франк му испрати пакет чаеви за смирување на принцот Хари, во соработка со агенцијата Брукета & Жиниќ & Греј
По повод на полуфиналниот натпревар помеѓу Хрватска и Англија на светското фудбалско првенство, најпознатиот хрватскиот производител на чаеви Франк му испрати на британскиот принц Хари пакет од своите чаеви од камилица. Проектот беше реализиран во соработка со агенцијата Брукета & Жиниќ & Греј, а приказната за само неколку часа ја пренесоа бројни хрватски медиуми и фанови на социјалните мрежи.
“Англија е позната по својот фудбал и чај. Нашите репрезентативци одамна покажаа дека и Хрватска е голема сила на фудбалската карта на светот, а ние со својот чај одлучивме да му го олесниме на Принцот гледањето на натпреварите, бидејќи со супериорната игра на нашите, знаевме дека нема да му биде лесно”, порачаа од Франк и беа во право.
На пакувањето стоеше пораката “Keep calm and dream on“, што значи “Остани смирен и продолжи да сонуваш”, алудирајќи на историски мотивацски пораки на британската влада, а внатре во пакетот со чај се наоѓало и писмо во кое се извинуваат од компанијата Франк што не испратиле подарок за венчавката, па со овој чин сакаат да го надоместат тоа на некој начин.