Home » Во фокусот » Хумористична и забавна кампања за регрутирање на полициски службеници во Нов Зеланд

Хумористична и забавна кампања за регрутирање на полициски службеници во Нов Зеланд

Ова видео наречено “најзабавното видео за регрутирање во полицијата од било кога“ е насочено кон широк распон на жители на Нов Зеланд и вклучува повеќе од 70 вистински полицајци

Полицијата во Нов Зеланд започна кампања за регрутирање на нови полициски службеници, каква што сеуште не е видена, па затоа е насловена „најзабавното видео за регрутирање во полицијата од било кога“.

Спотот донесува необична смисла за хумор по којшто е карактеристична оваа земја, во обид да поттикне што повеќе луѓе да и` се придружат на полицијата во „најсигурната земја на светот“.

Кампањата е насочена кон широк распон на жители во Нов Зеланд, и вклучува повеќе од 70 вистински полициски службеници, вклучувајќи го и полицискиот комесар Мајк Буш, но и полицискиот оркестар, полициските кучиња, мачки и хеликоптери.

Кампањата ја направи агенцијата Ogilvy & Mather од Нов Зеланд, а го режираше Дамјан Шатфорд од The Sweet Shop.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365