Home » Во фокусот » HURA објави насоки за агенциски надоместоци

HURA објави насоки за агенциски надоместоци

Препораката на HURA е дека надоместоците и цените на агенциите треба да ја одразуваат вредноста, сложеноста и квалитетот на услугите кои ги нудат.

 

Хрватското здружение на агенции за деловно комуницирање, HURA, свесно за своите одговорности кон индустријата која ја застапува, објави насоки за агенциските недоместоци. Целта на насоките е да се олесни ориентацијата на огласувачите и агенции во постапката на утврдување, проценка и донесување на одлуки за агенциските надоместоци. Од HURA соопштуваат дека огласувачите и агенциите имаат постигнато значителен напредок во трансформирање на креативноста, иновациите и брзината на маркетинг активностите и дека дојде време за преобразба на главните видови на агенциски надоместоци, односно надоместоци базирани на работа.

Андреа Штимац, раководител на работната група HURA за изработка на насоките за агенцискиот надоместок, истакна: “Како водечко професионално здружение во областа на маркетинг комуникациите, HURA ја препозна важноста на обезбедување на насоки за агенциски надоместоци, се` со цел за постигнување и одржување на партнерска соработка помеѓу агенциите и клиентите врз основа на доверба и транспарентност. Доколку агенциите го прифатат предложениот модел, ние веруваме дека ќе им се даде можност за остварување на подобра профитна маржа и сигурен приход што може да се планира. Се разбира, се работи за насоки што не се обврзувачки за членовите на HURA за примена на истите, но навистина се надеваме дека агенциите доброволно, со заедничка цел за развој на индустријата и поставување на добри стандарди во работењето, навистина ќе ги применуваат.”

HURA препорачува надоместоците и цените на агенциите да ја рефлектираат вредноста, сложеноста и квалитетот на дадените услуги и да не се базираат на разложени компоненти на трошоци и добивка на агенциите. Поентата во одредувањето на цената е вредноста, а не трошокот – пради тоа во во одредувањето на цените треба да учествуваат различни експерти, а не само оние кои се задолжени за финансии.

Кон ова може да се додаде и фактот дека цената на работа во другите дејности на обезбедување професионални услуги (на пр. во правни, сметководствени, консултантски активности) обично не се разложуваат на компоненти на трошоци и добивка. Во најдобар интерес за односите на агенциите и огласувачите е и двете страни да се фокусираат на резултатот што ги очекуваат, преметот за испорака која агенцијата треба да го произведе и вредноста која ја додаваат на агенциските услуги.

Препораките на HURA за клиентите и агенциите заради усогласување со прашањето за посакуваните надоместоци се следните:

  • Соработувајте за да ги усогласите стимулациите
  • Воспоставете одговорност за транспарентност
  • Усогласете го надоместокот со вашите бизнис цели
  • Спроведете навремена ревизија со примена на заеднички договорените критериуми

Конкретните насоки и препораки, можете да ги погледнете на страница HURA на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365