Home » Во фокусот » И покрај ризиците, огласувачите планираат да инвестираат 30 милијарди долари во онлајн видео огласување

И покрај ризиците, огласувачите планираат да инвестираат 30 милијарди долари во онлајн видео огласување

Проверете ги најновите трендови претставени во Global Ad Trends на WARC, со фокус на видео огласувањето

Се очекува дека огласувачите оваа година ќе потрошат вкупно 30 милијарди долари за онлајн видео огласување, а поголемиот дел од таа сума ќе оди на социјалните медиумски платформи и покрај ризиците за брендовите и измамите со реклами. Порастот на користењете на мобилните уреди поттикнува зголемување на потрошувачката на видео содржини (особено на социјалните платформи оптимизирани за мобилни уреди), кои за возврат ги зголемува инвестициите на огласувачите во видео огласувањето.

Овие и други клучни наоди се претставени во најновиот месечен извештај на WARC за глобалните трендови на огласувањето, кој е фокусиран на онлајн видео огласувањето.

На онлајн ќе оди 17,5% од глобалните инвестиции во видео оваа година, или поточно 30 милијарди долари – а повеќето ќе одат на социјалните платформи

Се очекува дека инвестициите во онлајн видео огласувањето, вклучувајќи и pre/mid/post roll реклами и видео на барање на социјалните медиуми и телевизија ќе се зголеми за 27,5% и ќе достигне 29,8 милијарди долари оваа година. За споредба, очекуваниот пораст за линеарната телевизија е 1,1%, во износ од 140.2 милијарди долари, што всушност, на исто ниво е забележано во 2010 година. Така, на онлајн видеа ќе одат 17,5% од вкупно 170 милијарди долари инвестирани во видео рекламирање оваа година во светот. Овој процент изнесуваше само 1,3% во 2010 година.

Процентите се разликуваат од пазар до пазар. Се очекува дека онлајн уделот во САД, најголемиот пазар на видеа, ќе се зголеми на 19,3% оваа година, со 15,3 милијарди долари. Растот на онлајн видеата во Кина се очекува да изнесува 24,7% (6,5 милијарди долари) оваа година, додека во Велика Британија уделот на онлајн видеата во вкупните инвестиции во видео огласувањето ќе изнесуваат 38,2% (2,6 милијарди долари).

Повеќето од овие пари одат на социјални платформи како Јутјуб и Фејсбук.

На онлајн видеото ќе отпаѓа речиси половина од вкупната дневна потрошувачка на интернет, благодарение на растот на мобилните уреди

Онлајн потрошувачката на видео содржини, од кои повеќето се врши преку мобилните уреди, е во константен порас во целиот свет. Проекциите покажуваат дека потрошувачката ќе се зголеми на 84,1 минути дневно во 2020 година, што претставува зголемување од 26,6% во однос на планираните 66,5 минути за оваа година. Притоа, 62,3% од времето ќе се поминува гледајќи преку мобилните уреди (во споредба со сегашните 60,7%).

Споредувајќи ги овие бројки со пошироките податоци за потрошувачката на медиумите, учеството на дневната онлајн видео потрошувачка расте на сите полиња. Се очекува дека до 2020 година да достигне речиси половина (46,7%) од вкупната употреба на интернетот, а 17,1% од вкупната дневна потрошувачка на медиумите.

Една од десет видео реклами претставува ризик за брендот, а видеото е најпопуларна мета за измама.

Податоците за втората половина на 2017 година покажуваат дека најмалку една од десет видео реклами онлајн носи ризик од негативната околина по брендовите.

За мобилни уреди, типовите на содржини кои претставуваат најчест ризик по брендовите се насилство и навредлив јазик, како и контроверзни вести, без оглед на тоа дали рекламите се програматски купени или директно од издавачот.

Измамите се исто така ризик за онлајн видео огласувањето, особено ако рекламата не е оптимизирана против ваквите активности. Една неодамнешна студија спроведена од страна на Гардијан САД и Google покажа дека дури 78% од инвестициите во видео рекламите се подложни на измама, ако издавачот не користи скрипта ads.txt во рамките на нивниот веб-сајт.

Џејмс Мекдоналдс, уредник на податоци во WARC, ги сумираше наодите на извештајот: “Огромното и континуирано зголемување на потрошувачката на видео записите на мобилните уреди ги насочи огласувачките буџети на социјалните платформи и покрај добро документираните и трајни ризици во форма на негативна средина и измама со рекламите. Фејсбук се надева дека ќе ја поврати иницијативата на својата платформа Watch, која е позиционирана како безбедна средина за брендовите и која нуди напредна сегментација на публиката. “

Извештајот Global Ad Trends е дел од онлајн сервисот WARC Data, кој нуди актуелни мерења на огласувањето, трендовите и кориснички генерирани бази на податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365