Home » Во фокусот » ИАБ Македонија и МААМ потпишаа меморандум за соработка

ИАБ Македонија и МААМ потпишаа меморандум за соработка

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија и МААМ – македонската асоцијација на агенции за маркетинг, потпишаа меморандум за соработка со цел промовирање, развој и континуирана соработка во областа на дигиталното огласување во Република Македонија.

Во име на здруженијата, меморандумот го потпишаа претседателот на МААМ, Г-дин Сашо Пешев и Претседателот на ИАБ Г-дин Борис Ефтимовски, обврзувајќи се дека во рамки на својата примарна дејност и цели, здруженијата заеднички ќе дејствуваат и меѓусебно ќе соработуваат во интерес на дополнителниот развој на дигиталното огласување на територијата на Република Македонија на повеќе начини и преку повеќе заеднички проекти.

Истовремено, МААМ Македонија како асоцијација на водечките маркетинг и медиски агеции во Македонија,  го поздравува имплементирањето на саморегулаторниот Етички Кодекс на добри професионални практики кој го иницираше ИАБ Македонија и ги повикува своите членки (маркетинг и медиски агенции од Македонија) да го поддржат процесот преку поинтензивна соработка со дигиталните медиумски издавачи кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ Македонија (ЛИНК).

МААМ и ИАБ Македонија заеднички ги повикуваат дигиталните издавачи од Македонија да се приклучат на иницираните процеси и:

да го прифатат Саморегулаторниот Етички Кодекс на ИАБ Македонија; и

да учествуваат во анализата и мерењето на дигиталниот пазар кој ќе го спроведува избраната истражувачка агенција (трета независна страна).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365