Home » Во фокусот » ИАБ Македонија вработува технички секретар

ИАБ Македонија вработува технички секретар

Здружението за Интерактивно огласување ИАБ Македонија (www.IAB.mk) вработува технички секретар на определен период од 6 месеци со можност за продолжување на работниот ангажман.

Работниот ангажман ќе биде со половина работно време (4 часа) од понеделник до петок.

Основни задачи:

  • Координација на тековни активности и подготовка на состаноци на телата и комисиите на здружението.
  • Подготовка на презентации, понуди и останати материјали поврзани со тековните активности на здружението.
  • Организација на настани.
  • Деловна кореспонденција со сите членови на здружението, партнери и чинители во македонската медиа-маркетинг индустрија.

Потребни квалификации:

  • Солидно познавање на Англиски јазик во пишана и говорна форма.
  • Солидно познавање на Microsoft Office пакетот (word, power-point, excel)
  • Високо образование

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат солидни познавања за развојот и трендовите во дигиталното огласување и одблиску ја следат медиумската и маркетинг индустрија во Македонија.

Сите заинтересирани кандидати се охрабруваат да ги испратат своите CV-а на следнава е-маил адреса: contact@iab.mk

Огласот трае до 10.06.2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365