Home » Во фокусот » ИАБ Велика Британија прогласи Национален ден за борба против кликањето и повикува за донесување на подобри мерни стандарди

ИАБ Велика Британија прогласи Национален ден за борба против кликањето и повикува за донесување на подобри мерни стандарди

ИАБ Велика Британија го прогласи 12 февруари за Национален ден за борба против кликањето, a оние кои користат CTR(стапка на кликнување) во нивните извештаи, ги нарекува “clickheads”

ИАБ Велика Британија ги обвини огласувачите дека се “clickheads” во својата нова иницијатива која повикува на донесување на подобри мерни стандарди на онлајн огласувањето.

Оваа стручно тело за дигиталната огласна индустрија испрати отворено писмо на адресите на повеќе од 100 брендови – вклучувајќи ги BMW, Diageo, Ford, John Lewis, Mondelez International, Netflix, Procter & Gamble, Sky и Unilever – во кое предупредува на потпирање на индустријата на “безвредни мерења “, како што се CTR бројките за мерење на ефикасноста на онлајн-медиумите, пишува Campaign.

Во писмото ИАБ ги предупредува огласувачите дека се “clickheads” и ги повикува да не користат CRT метрика во нивните извештаи. Како дел од оваа иницијатива, ИАБ Велика Британија го прогласи 12 февруари за Национален ден за борба против кликањето и лансираше свој Прирачник за најдобрите практики во мерењето на дигиталните реклами.

Дел од иницијативата е и видео запис кој покажува како се “инфилтрирале” во британските медиски агенции и го избришале делот за CTR од нивните извештаи.

Мерењата засновани врз стапката на кликнување (CTR) се критикувани со години. Во 2014 година, Мел Ексон, директор за дигитал за агенцијата Bartle Bogle Hegarty Лондон, ги опиша CTR како “едноставни зомби”, бидејќи тие се уште се појавуваат во медиските извештаи, “во отсуство на нешто што ќе се смета за корисно.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365