Home » Extra 5 » ICS group избран за најдобар партнер на граѓаните при продажбата на DAIKIN производите

ICS group избран за најдобар партнер на граѓаните при продажбата на DAIKIN производите

Задоволството на Македонските купувачи од услугите на ICS group и производите на DAIKIN беше потврдено на овогодишната Интернационална конференција за Централна Европа со доделувањето на наградата за најголем обем на продажба на DAIKIN за 2014 година. Оваа награда ICS group од DAIKIN ја добива две години по ред  што е потврда за напорната работа во изминатиот период и што можеби  е уште побитно, ваквата верификација всушност  претставува признание  на ICS group за пронаоѓање на  патот, како  производите на DAIKIN  најбрзо да стигнато до потрошувачите.

icsgr2

Инаку водечкиот производител во светот на опрема за климатизација DAIKIN, преку својата фирма во Европа, DAIKIN Centralna Evropa, ја организираше традиционалната Интернационална конференција кој се одржа во Дубровник при крајот на минатиот месец.

Следејќи ја темата на конференцијата „ На заедничкиот курс до успехот“ Даикиновите врвни дистрибутери од 15 земји од Централна Европа беа информирани за целите од заедничкиот пат до успехот, и во исто време беа  претставени новитетите на Даикиновите системи за греење и ладење.

icsgr23

Стабилниот раст на DAIKIN се базира на два уникатни моменти кои се карактеристични за Јапонија, а тоа се различни климатски екстреми – од многу ладни зими, па се до тропски лета и ограничени енергетски ресурси

Ова придонесе Даикиновите производи да ги задоволат различните потреби на корисниците, заедно со ниската потрошувачка на енергија, односно големата  енергетска ефикасност.

За таа цел оваа година беше промовирано новото ладилно средство R32(Freon), кое ефикасно ја пренесува топлината, а со тоа може да се намали потрошувачката на електрична енергија за 10% во споредба со другите клима уреди кои користат стандарни ладилни средства како на пример R410.

R-32 има за една третина помал потенцијал на глобално затоплување за разлика од другите ладилни средства, а со тоа и ниско влијание на животната средина.

icsgr233

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365