Home » Во фокусот » Иднината на ПР-от: Меѓу сонот и јавето

Иднината на ПР-от: Меѓу сонот и јавето

Усогласување на комуникациските стратегии со потребите на бизнисот го истисна справувањето со дигиталната еволуција и социјалните медиуми од листата на приоритетни теми со кои професионалците од областа на односите со јавноста и комуникацискиот менаџмент сметаат дека ќе се соочуваат во годините што претстојат. Ваквото
на изглед „враќање кон корените“ е само еден од резултатите од неодамна објавеното истражување од областа на односите со јавноста – European Communication Monitor 2013, спроведено од EUPRERA (European Public Relations Education and Research Association) и EACD (European Association of Communication Directors) во кое учествуваа над 2700 комуникациски стручњаци од 43 европски земји (вклучувајќи ја и Македонија).

Интересно, градењето и одржувањето доверба, како едно од темелните вредности вградени во самата дефиниција на односите со јавноста се дури трет приоритет* за претставниците на современата европска заедница на комуникациски професионалци. Да не зборуваме за улогата во поддршка на промените во организациите, која е дури седми од 11 приоритети или поттикнувањето на интернационалните и интеркултурните комуникации што е на претпоследното место во ова рангирање.

 (клик на сликите подолу за зголемен приказ)

Idnina na PR

*Приоритети за комуникацискиот менаџмент во Европа до 2016-та

Социјални медиуми: Меѓу желбите и можностите

Изгледа дека меѓу ПР професионалците во Европа полека спласнува митот за огромната моќ на Facebook и Twitter во креирањето на перцепцијата за одредена организација во јавноста. За првпат во изминатите 5 години, оценката за значењето на овие две најголеми социјални мрежи во комуникацискиот менаџмент не расте, иако и понатаму 73% од испитаниците веруваат дека токму online комуникациите се значајни за комуникациите на организациите, вклучително и на компаниите, со нивните целни групи од јавноста (публики).

Доколку се прашувате на што се должат ваквите трендови, тогаш можеби следниот податок ќе ви даде некаква идеа. Имено, кај повеќето комуникациски стручњаци постои огромна дупка меѓу перцепцијата за значењето на социјалните медиуми и нивната ефективна примена** во секојдневната реализација на комуникациските стратегии. Кај некои видови тактики, како што се употребата на апликации и мобилни web страници оваа дупка е поголема и од 30%.

DUPKA_social media_OK

** Значење и примена на алтернативни алатки и канали

Дека желбите и можностите не одат секогаш „рака под рака“ говори и искрениот одговор нашите колеги кога станува збор за вештините и знаењето за креирање содржини и работа со социјалните медиуми***. Истражувањето покажува дека во најмала рака комуникациските менаџери покажуваат скромно знаење (едвај „тројче“ на скалата од 1 до 5) кога се работи за „искористување“ на социјалните медиуми во функција на креирање и имплементација на ефективни стратегии за односи со јавност.

Sposbnosti za social media

*** Познавање на социјалните медиуми: Ограничени способности на комуникациските професионалци

Се разбира, вака размислуваат оние што одговориле на прашалникот на  EUPRERA и EACD,  што не значи дека Вие го делите нивното мислење. А, впрочем, кое е Вашето мислење? Каква е состојбата во Македонија на ова поле?

 

Автор Гоце Пачемски

Пачемски професионално е во односите со јавноста повеќе од една деценија. Магистер по комуникации со специјалност стратешкото планирање и управување со комуникациите…. и секако односи со медиуми. Од 2004-та е дел од тимот на ImagePR, прва специјализирана агенција за односи со јавност и комуникациски менаџмент во Македонија. Има искуство и како новинар, портпарол, колумнист…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365