Home » Extra 5 » I&F McCann Група на Викенд Медиа Фестивал

I&F McCann Група на Викенд Медиа Фестивал

I&F McCann Група и оваа година ќе биде присутна на Weekend Media Festival кој се одржува во Ровињ. Покрај учеството на ревијата за најдобри кампањи од регионот -BalCannes, значајно ќе биде присуството на претставниците на I&F McCann Група и агенциите во нејзиниот состав на панелите, предавањата, презентациите и членството во жирито.

mccann.kolaz

За предизвиците кои ги носи извозот на креативноста, развојот на компаниите и основањето на агенции во другите земји од регионот, како и ширењето на бизнисот на Нордискиот регион, од свое искуство ќе зборува Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Група, на панелот BalCannes Export Report. Директорката на агенцијата McCann Белград, Оливера Перковиќ, како модераторка на панелот Глобални брендови, со своите соговорници ќе разговара за тоа како глобалните брендови кои се присутни кај нас функционираат во различни култури и дали брендовите мораат да се прилагодуваат на локалните контексти.  Катарина Прибачевиќ, директор за стратешко планирање на McCann Белград, ќе учествува на панелот Милениумците го преземаат светот, на кој помеѓу останатото ќе ги истакне и податоците за односот на брендовите и милениумската генерација од Студијата за младите на експертскиот центар McCann Truth Central. Малопродажбата е најбрзо растечки сегмент на огласувачкиот пазар, се поголемо е натпреварувањето помеѓу најјаките трговски ланци, но тоа и понатаму првенствено се води на телевизиите, додека дигитал е сеуште настрана. За малопродажбата како најбрзорастечка на пазарот на истоимениот панел ќе зборува Ведран Вереш, Client Service Director UM Загреб и UM Љубљана.

За најдобрите проекти од дигиталната сфера, како член на жирито на SoMo Борец ќе одлучува Јелена Анџелиќ, директор на агенцијата Drive, додека пак Владимир Ќосиќ, креативниот директор на агенцијата McCann Белград, учествувал во предселекцијата на кампањите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365