Home » Во фокусот » Игра на зборови во новата реклама на Mercedes-Benz

Игра на зборови во новата реклама на Mercedes-Benz

Mercedes-Benz направи уште една реклама во серијалот Tongue Twister, во која ги претставува своите паметни сигурносни системи

Mercedes-Benz  и францускиот илустратор McBess ја претставија најновата реклама од кампањата на Mercedes-Benz, наречена „Tongue Twister која ги претставува паметните сигурносни системи на Mercedes, преку брзи илустрирани визуелни елементи.

Новата реклама, наречена Deer (Елен), драматизира брза и комплицирана ситуација во сообраќајот преку игра на зборови кои навистина е тешко да се изговорат, поетски претставени од перспектива на сигурносен систем.

Mcbess, кој „не работи со боја“, а инспирација црпи од оригиналните цртани филмови на Fleischer Studios, ја илустрираше приказната за мерцедесот кој  речиси се судира со елен во мракот. Спотот ја прикажува корисноста на нивниот систем Night View Assist, кој помага за видливоста во ноќта.

Рекламата ја направи главната агенција на Mercedes-Benz, Аntoni Berlin, a ги комбинира илустрациите со типографија со брз ритам на нарацијата, со цел да направи реклама која се разликува од останатите реклами за сигурносна технологија. Пред овај спот, се објавени уште два во серијалот Tongue Twister, кои ги направија различни уметници, а можете да ги погледнете подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365