Home » Во фокусот » IKEA претвори ноќен клуб во колективна спална соба

IKEA претвори ноќен клуб во колективна спална соба

Брендот за мебел IKEA сака да се фокусирате на подигнување на квалитетот на вашиот сон со новата реклама во која претвора еден ноќен клуб во колективна спална соба.

Рекламата паметно ги искористува типичните ситуации во „клабингот“, но ги трансформира како дел од ритуал пред спиење – пред да влезат во клубот, луѓето јадат житарици со млеко наместо брза храна, а внатре се служи чај наместо коктели. Тоалетите се полни со луѓе кои ги мијат забите и ставаат маски за лице. Се „дилаат“ чепови за уши. Подиумот за танцување е полн со комфортни кревети, а над нив скокаат овци „за броење“.

Од IKEA велат дека рекламата, која ќе се емитува во Обединетото Кралство и Ирска и е дел од поголемата, повеќегодишна кампања „Wonderful Everyday“, има за цел „да ги натера луѓето да го вреднуваат времето додека спијат исто колку времето кога се будни.“ Спотот е дело на агенцијата Mother од Лондон, во режија на Хуан Кабрал од продукцијата MJZ.

Кампањата вклучува и едукација на сопствените работници на IKEA за важноста на спиењето – знаење кое потоа ќе треба да го споделат со купувачите. На истата цел е посветен и посебен дел од компанискиот веб-сајт, а ќе бидат организирани и јавни едукативни настани и работилници во самите продавници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365