Home » FMCG » Именуван нов регионален директор на „Нестле Адриатик“

Именуван нов регионален директор на „Нестле Адриатик“

Јана Микаилова е именувана за нов регионален директор на компанијата „Нестле Адриатик”, која доаѓа на местото на Ансгар Борнеман.
Јана Микаилова

Јана Микаилова

Јана Микаилова ѝ се придружи на компанијата „Нестле” во 1996 година, кога е именувана за регионален директор на „Нестле” за Украина и Молдавија. Од 2000 беше на различни позиции во секторот маркетинг на кондиторски производи, а во 2004 година е унапредена во директор за маркетинг на кондиторското работење на „Нестле” во Русија.
Во 2012 година, Микаилова го презеде водењето на компанијата „Нестле” за Украина и Молдавија, каде што значително придонесе во пораст на работењето на компанијата на овие два пазара постигнувајќи постојан пораст.

Многу сум горда што станав дел од тимот на „Нестле Адриатик”. „Нестле” постигна многу на сите пазари во регионот, од успешна аквизиција на „Центропроизвод”, до постојани иновации и пораст на портфолиото. Со вака силниот и посветен локален тим, сигурна сум дека ќе продолжиме да испорачуваме највисок квалитет на пазарот и да ја зајакнуваме нашата позиција, изјави Јана Микаиолва, нов регионален директор за компанијата „Нестле Адриатик”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365