Home » Во фокусот » Инфлуенсери – борба за лајкови и видливост

Инфлуенсери – борба за лајкови и видливост

Автор: Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions

Последните две години, дојде до буквалнa експлозија при користење на инфлуенсери за маркетинг цели, како и до експлозија на нови инфлуенсери од различни области, особено во делот за козметика, lifestyle, патувања и фитнес.

За да ја разбереме оваа „епидемија“ на инфлуенсери, треба да го разбереме однесувањето на луѓето на социјалните мрежи или таканаречен social proof. Овој концепт ни објаснува, зошто сите ние сакаме да имаме што повеќе лајкови, шерови, споделувања и сите други параметри на популарноста на социјалните мрежи.

Па што е тоа social proof? Ова е психолошки феномен каде што ние луѓето ја проценуваме вредноста на другите луѓе, брендот или било која медиумска појава, врз основа на претходните реакции и оценки на други лица. Овој концепт не е нов, туку е стар повеќе од сто години, но со појавата на социјалните мрежи дојде до израз.

За да го објасниме овој концепт, најдобро е да почнеме со еден пример. Да речеме дека гледаме одредено YouTube видео кое што има околу 500 прегледи, а поставено е пред 7 години. Лицето кое што го гледа видеото ќе помисли дека ова видео и нема некоја вредност, не е нешто посебно. Од друга страна да претпоставиме дека истото тоа видео има еден милион прегледи. Истата личност во старт ќе помисли дека штом ова видео е гледано од страна на толку голем број на луѓе, сигурно е добро.

Она што треба да го имаме во предвид кај овој концепт, е дека social proof не го формира вкусот на купувачите, туку се користи за нештото да стане попривлечно, попримамливо. Имено, доколку слушате Дарк метал, вас сигурно нема да ви се допадне новата песна од Маја Беговиќ, па да има и неколку десетина милиони прегледи, но сигурно ќе обрнете внимание на новата песна на бендот Dimmu Borgir која има еден милион прегледи.

Ова е само еден  обичен пример на social proof на YouTube, кој што понатаму може да се примени и на други социјални мрежи –Facebook и Instagram.

Instagram

Бројот на следбеници на Instagram е уште еден добар пример. Доколку некој на Instagram објави некоја убава фотографија, неговата/нејзината фотоградија ќе биде лајкувана, споделена на Instagram story помеѓу поголем број на корисници на ова мрежа. Тука, пак можеме да направиме еден пример – доколку некој има 5k+ следбеници ќе си речете:„Штом е следен/следена од толку број на луѓе сигурно е многу интересна и јас ќе ја/го следам.“

Сигурно е дека, некој индивидуалец ќе каже дека следи и луѓе кои што немаат толкав број на следбеници, туку оние кои што објавуваат нешто паметно или нешто што е интересно за некоја индивидуа. Но, тука го гледаме однесувањето на пошироките маси.

Facebook

Слично како и на Инстаграм, најраспостранет пример на social proof на интернетот се Facebook лајкови – видео, фотографии, споделени артикли….. Лајковите се основно мерило на вредност, па не е ни чудно што денес се води голема борба за што поголем број на лајкови. Луѓето кои што ги собираат лајковите на своите фотографии објавени на Facebook (Instagram), тоа го прават поради поголемиот social proof –оние луѓе кои што имаат поголем број на лајкови на своите фотографии поради ефектот на social proof  имаат поголеми можности да најдат партнер, добијат интересни работни позиции, да добијат нови клиенти…

Психологија

Па зошто се случува ефектот на social proof? Психолозите тврдат дека се работи за еден вид на конформизам, кој што се нарекува информационо општествено влијание. Кога се наоѓаме во состојба кога не сме сосема сигурни како да се однесуваме кон нешто, наедноставното решение е да погледнеме како се однесувале луѓето кон тоа нешто пред нас.

Во текот на денот, ние минимум 60 пати се наоѓаме во состојба да процениме вредност на некоја информација. Од тие причини social proof во вид на лајкови, коментари, прегледи, споделувања се идеални параметри во решавањето на дилемата дали нешто вреди или не.

Affinity branding

Е сега доаѓаме до почетокот на нашиот текст – Инфлуенсери и зошто се актуелни. Една варијација на концептот на social proof e Affinity branding. Овој концепт во маркетингот се дефинира на следен начин: Доколку другите не бидат во друштво на позната личност или бренд, поточно со некој/нешто што е веќе проверено, има изградена репутација/имиџ, тогаш тие што ве гледаат ќе ги врзат своите веќе изградени емоции кон таа личност/бренд и ќе ги поврзат со нас.

На социјалните мрежи тоа се манифестира на следен начин: Не се гледа колку има лајкови/коментари/споделувања, туку е битно кој го има тоа направено. Така на пример, видовте дека луѓето или брендовите се фалат, како некоја позната личност има лајкувано или се има ангажирано на нивната објава.

Во превод, еден лајк направен од страна на позната личност, вреди како 100 „обични“ лајкови. Тука имаме обострана корист – позната личност добива нови фанови кој што ќе зборуваат за неа/него, а од друга страна таа личност ќе има social proof во кругот на своите пријатели (брат се сликав со Лила Филиповска).

Доколку погледнете околу себе, примери на social proof  и на Affinity branding има секаде околу нас. Сигурно слушнавте муабет:„Знаеш дека татко му на нејзиниот дечко е директор на дистрибуција на Хајнекен за Македонија“ или „Моите родители се куќни пријатели со директорот на Стопанска банка“. Некој луѓе и патолошки го прават ова, буквално се „болни “ од овој синдром – со мала самодоверба, ниско чувство на вредност и слично. Ова го прават за да бидат повредни и да се чувствуваат подобро.

Дали можеме да ги купиме лајковите/следбениците …

Да, секако дека можете и на интернет можете да најдете голем број на сервиси кој што нудат пакети на следбеници за одредена цена. Вие на таков начин можете да добиете во очите на другите инстант вредност, но треба да знаете дека сте на интернет и дека сте континуирано следени од вашите конкуренти, вашите купувачи, па и од страна на социјалните мрежи.

Имено секоја година Facebook, па и Instagram, прават „чистење“ на профили на своите мрежи, поточно ги елиминираат лажните профили и сигурно имате забележано дека еднаш во текот на годината се случува пад на бројот на фанови на вашите страници.  Социјалните мрежи се борат против купени следбеници и лајкови. YouTube дури развива алгоритам кој што спречува нереални прегледи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365