Минатата година се забележани дури 1824 жалби на содржината објавена, пред се` на Фејсбук, Инстаграм и Твитер
Во последните четири години се поднесуваат се повеќе жалби на објавите на инфлунсерите кои на социјалните мрежи не комуницираат транспарентно во соработката со брендовите. Минатата година се забележани дури 1824 жалби на содржините објавени пред се` на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, што е за 192% повеќе од 2012 година.
Многу прашина подигна случајот на Инстаграм кога makeup блогерката Sheikbeauty во својата објава го препорача и го промовира билниот чај за Flat Tummy Tea. Британската саморегулативна организација AS, која се залага за стандарди на подрачјето на огласувањето, утврди дека во овај случај се работи за кршење на правилата за рекламирање, промоција на продажбата и директната пазарна комуникација.
Сличен пример се случи во јуни 2015 година, кога ѕвездата на реалити шоуто и модна дизајнерка, Millie Mackintosh на Инстаграм, во серија на видео содржини не ја комуницираше транспарентно сорабтката со британскиот производител на безалкохолни пијалоци Britvic.
Извршниот директор на ASA, Guy Parker, смета дека има многу содржини кои се всушност огласи, но не се така означени, а повеќето од нив се на социјалните мрежи.
„Многу зборуваме за транспарентноста на пазарното комуницирање, дури и кога се работи за соработката на инфлуенсерите со брендовите. Водиме грижа за кршење на правилата, осигуруваме поддршка, нудиме совети на брндовите и инфлуенсерите, со цел во иднина да знаат како на примерен начин да објавуваат содржини кои се темелат на меѓусебна соработка.“
Daniel Knapp, истражувач во аналитичката компанија IHS, вели: „Потрошувачите се заситени од традиционалните облици на огласување, како што се телевизиските огласи, интернет банерите или надворешните билборди. За поголем продор во заситениот огласувачки простор, огласувачите прибегнуваат кон алтернативни и поверодостојни начини на комуницирање на своите производи и услуги. И покрај тоа што со многу инфлуенсери управуваат специјализирани агенции, брендовите соработуваат и со поединци кои не се придржуваат до истите стандарди и етички кодекси како телевизиските и радио станиците“.
Од CMA (Competition and Markets Authority), каде што водат грижа за јакнење на бизнис конкуренцијатаи за спречување и намалување на анти-конкурентските практики, велат: „Суштината е дека секој кој добива пари за промоција на производи на интернет, тоа треба јасно да го наведе. Инаку, така им се наштетува на купувачите и на компаниите кои се придржуваат до правилата.“