Home » Во фокусот » Инфографик: Колку потрошувачите ќе ја користат гласовната технологија во блиска иднина?

Инфографик: Колку потрошувачите ќе ја користат гласовната технологија во блиска иднина?

Во текот на следните неколку години, купувањето во сферата на проширената реалност, сурфањето без екран и интеракцијата со компјутерските апликации, наместо со луѓето, ќе станат почести, бидејќи гласовната технологија се` повеќе навлегува во нашите животи. И тоа е сосема во ред за повеќето корисници кои јасно ги гледаат придобивките од апликациите базирани на вештачката интелигенција, дури и ако гледаат простор за подобрување, се наведува во истражувањето на Accenture Interactive за користење на дигитални гласовно активирани асистенти и ставовите на потрошувачите кон оваа технологија.

Марк Кирнан, маркетинг директор на Accenture Digital, истакнува дека купувачите се` повеќе ги прифаќаат дигиталните асистенти, додека брендовите истовремено се соочуваат со нови предизвици.

“Бидејќи овој нов канал брзо се проширува, брендовите мора да се прилагодат на средина во која имаат уште помала контрола”, вели Кирнан. “Брендовите мора интуитивно да се прилагодат на времето, местото и ситуацијата, за да обезбедат создавање на ненаметливи искуства кои ќе донесат нова вредност за потрошувачите. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365