Home » Во фокусот » Информативниот седмичен билтен на “Њујорк тајмс” испраќа само позитивни вести

Информативниот седмичен билтен на “Њујорк тајмс” испраќа само позитивни вести

Со цел да ги издвои позитивни вести од мноштвото на негативни секојдневни приказни, Њујорк Тајмс испраќа специјализиран newsletter неделно

Њујорк Тајмс лансираше нов newsletter кој ги издвојува само позитивните приказни и еднаш неделно им ги испраќа на своите претплатници. Идејата е дека позитивните приказни се губат во морето на негативни и сиви вести и содржини во секојдневната продукција.

Секој петок, newsletter-от донесува “полесни” приказни во однос со сериозните теми, а уредниците се трудат содржината да биде интересна за читателите, без оглед на тоа од кој дел на светот доаѓа.

“Нашите читатели претежно бараат приказни, со фокус на луѓето, кои се однесуваат на секојдневните херојства, добрина и алтруизам, како и приказни за напредокот во медицината, науката и животната средина”, изјави уредникот на newsletter-от, Des Shoe.

Искуствата на Њујорк Тајмс е дека луѓето реагираат на позитивни приказни, ги споделуваат билтените со пријателите и ги испраќаат своите приказни во редакцијата. Некои читатели дури и побарале да добиваат позитивни вести секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365