Home » Digital » Инстаграм има повеќе од една милијарда корисници

Инстаграм има повеќе од една милијарда корисници

Инстаграм, освен објавата на бројот на корисници, ја претстави и новата апликација, која на корисниците на оваа мрежа им овозможува објава на видеа во траење од максимално еден час

Кога Фејсбук го Купи Инстаграм во 2012 година, многумина сомнително гледаа на оваа аквизација и се прашуваа зошто Закерберг плати една милијарда долари за компанија која до тогаш не заработила ниту еден долар. Но, времето покажа дека ова беше брилијантен потег на шефот на Фејсбук, кој на време го препозна целиот потенцијал на оваа социјална мрежа која се заснова на споделување на фотографии, па вредноста на Инстраграм одамна го надмина износот кој Закерберг го плати за оваа компанија.

Информациите за бројот на корисници, Инстаграм последен пат ги објави во септември 2017 година и тогаш оваа мрежа имаше 800 милиони активни корисници месечно, а вчера се пофалија дека таа бројката се зголеми за 200 милиони, а сега имаат една милијарда активни корисници месечно.

Ова е голем успех за оваа социјална мрежа, а иако од Фејсбук не споделуваат информации за приходите кои ги остварува Инстаграм, предвидувањата на компанијата eMarketer велат дека во текот на 2018 година само во САД ќе се остварат речиси 5,5 милијарди долари приходи, што е зголемување од 70% во споредба со минатата година, односно Инстаграм е заслужен за речиси една третина од сите приходи на компанијата.

Освен информациите за бројот на корисници, Инстаграм вчера официјално ја претстави апликацијата IGTV, преку која корисниците ќе можат да објавуваат подолги видеа во траење и до еден час, што е голем пораст, бидејќи до сега корисниците можеа да објавуваат видео записи во траење до една минута. Освен преку самостојната апликација, корисниците ќе можат до IGTV да пристапат директно од Инстаграм, а со зголеменото ограничување на времетраењето на видеата, Инстаграм ќе стане опасен конкурент на YouTube и може да привлече многу инфлуенсери, за кои YouTube е примарна видео платформа токму поради можноста за објавување на подолги видео клипови.

Исто така, со IGTV, се отвораат нови можности за Инстаграм за заработка од рекламирање, бидејќи во подолги видео клипови ќе може да се пласираат повеќе реклами. Оваа апликација ќе биде достапна за корисниците на Android и iOS во текот на наредните недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365