Агенцијата Сачи&Сачи од Израел (BBR Saatchi & Saatchi) за својот клиент, непрофитна организација Bekol, реализираше кампања чија цел треба да биде потикнување на луѓето кои го губат слухот да одат на лекар и да се проверат дали слушаат добро.
Искрено кажано, кампава “Музиката менува се`“ е малце троловска, по самото признаение на креативците од агенцијата и по малку “клик бејт“ со многу сомнежи дали целта ќе биде целосно остварена и таргетираната публика навистина ќе оди да се прегледа. Во секој случај е интересна. Заради пристапот.
Агенцијата како формат и медиуми преку кој ќе комуницира ги избрала auto-play видео рекламите на Фејсбук, и подготвила три посебни видеа. Сцените (гледани без звук) прикажуваат определени ситуации кои може да добијат атрибути на: нешто забавно, нешто слатко и убаво и нешто страшно.
Кога корисниците ќе го вклучат тонот на видеото, одеднаш се соочуваат со сериозна музика од оркестар специфична за некои хорор филмови (во првите две видеа) а кога истото ќе го направат во третото видео (кое требаше да изгледа страшно погледнато без звук) ќе слушнат звуци на спокој и радост. Текстот што оди покрај видеата е дека “дури и отакако ќе го активираш ова видео, сеуште ти изгледа забавно/слатко и убаво/страшно – треба да одиш и да се прегледаш на доктор“
Еве се видеата во продолжение. Рековме погоре дека малце троловска е кампањава нели :)