Интернет маркетинг речник – A

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

AAAA

Основана во 1917, Американската Асоцијација на Адвертајзинг Агенции (АААА) е национална трговска асоцијација која ги претставува адвертајзинг агенциите во Соединтетите Американски држави.

Above the fold

Било кој дел од веб страната кој е видлив без движење на лизгачот надолу по страната. Огласниот простор во овој дел од страната има повисока цена бидејќи веројатноста огласот да биде виден од посетителот е поголема.

Acquisition cost

Трошокот на огласувачот за да придобие нов купувач. Огласувачот ја зема во предвид сумата на потенцијалниот приход од потенцијалниот купувач за целиот негов живот со цел да ги предвиди ваквите трошоци.

Ad blocking

Блокирање на оглас на Веб страна, најчесто графички Веб огласи.

Ad broker

Лице кое продава огласувачки простор за Веб страните

Ad flight

Времетраење на целата маркетинг кампањата

Ad inventory

Бројот на посети кои Интернет медиумот ги нуди за огласување

Ad network /огласувачка мрежа

Маркетинг агенција која често служи како брокер помеѓу Интернет медиумите и огласувачите. Широките адвертајзинг мрежи ги делат Интернет медиумите во неколку општи категории, со цел да понудат таргетирано огласување на огласувачите. Најголем дел од банер огласите на интернет се продадени и сервисирани преку адвертајзинг мрежите

Ad server

Компјутер, начесто управуван од трето лице, кој ги поставува и мери огласите независно од Веб страните на кои се појавува огласот. Користењето на ваков сервер помага за зацврстување на довербата меѓу огласувачот и Интернет страната, бидејќи статистиките се  целосно објективни.

Ad space/огласувачки простор

Простор на Веб страната кој е достапен за поставување огласи

Ad units

Начин на поделба на огласите, како на пример банери, button банери, micro button банери, pop-up банери, skyscraper банери, текстуални линкови, interstitials банери и superstitials банeри (overlay). Овие формати се дефинирани од IAB

Advergaming

Може да опфаќа од  купување од страна на огласувачот на сите единици за реклама во една игра до линк “спонзорирано од” за креирање на специјално брендирано доживување во играта.

Спаѓа во категорија Sponsorship.

Ad views/impressions   – импресии

Означува колку пати огласниот банер е симнат (даунлодиран) и најверојатно виден од посетителите

Advertising agency

Адвертајзинг агенциите се компании кои креираат, дизајнираат и поставуваат огласи, и планираат и реализираат промотивни кампањи за нивните клиенти. Агенциите се поделени на два основни типа: агенции кои нудат целосни услуги и агенции кои нудат лимитирани услуги

Advertising network

Мрежата претставува повеќе Веб страни кои продаваат простор за огласување и им овозможуваат на огласувачите да достигнат до голем број на разни целни групи.

AIDA

Ознака за Attention, Interest, Desire and Action. Ова е историски модел за тоа како функционира адвертајзингот, започнувајќи со придобивање на вниманието на потрошувачите, потоа нивниот интерес, потоа желбата за поседување на производот и на крај превземање на некаква акција, односно купување на производот

Affiliate marketing

Поделба на приходите помеѓу огласувачите и објавувачите на огласите, каде компензацијата е базирана на мерење на ефектот, најчесто преку обемот на продажба, кликовите, регистрираните корисници.

Affinity marketing

Секој маркетиншки напор вклучувајќи email промоции, банери или offline медиуми насочени кон потрошувачите, со цел да се воспостави купувачки модел.

Agency

Адвертајзинг компанија која ги претставува другите компании преку спроведување маркетинг усуги како планирање, креирање, купување и следење рекламните огласи на нивните клиенти.

Anchor text

Текст кој е поврзан со хиперлинк (текстот на кој кликате во пребарувачот). Овој текст пребарувачите го користат за рангирање на резултатите.

Animated GIF

Графика во GIF89a формат кој креира ефекти на анимација со ротирање на серија од статични слики

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *