Home » Во фокусот » Интервју со Ивона Христова и Натали Папакоч Илиевска сопственички на La Feerie, компанија за организирање и декорирање на приватни настани

Интервју со Ивона Христова и Натали Папакоч Илиевска сопственички на La Feerie, компанија за организирање и декорирање на приватни настани

La Feerie е нова македонска компанија која е вистинскиот “виновник“ за некои од неодамна организираните спектакуларни свадби, родендени и останати приватни забави кои со својот гламур го предизвикаа вниманието на жителите на Скопје, Охрид, Битола и неколку останати градови кои беа сведоци на одлично организирани приватни забави и настани во нивниот град за кои се зборуваше со денови. Позади La Feerie стојат две млади девојки, Ивона Христова и Натали Папакоч Илиевска кои во ова интервју ни откриваат како започна приказната на Le Feerie и што е она што најмногу ги мотивира да продолжат да бидат најдобри во својата работа.

Ивона и Натали

Ивона и Натали

1.Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци, како дојдовте до идејата да ја создадете La Feerie?

Ивона: Јас ќе почнам со една речница: Со La Feerie го живеам мојот сон, иако моето школување беше најпрво во областа на медицината, за подоцна за време на факултетот да се насочам кон економијата. До денеска имам 10 годишно работно искуство во компании со високо реноме и во две здравствени установи. Но и покрај сите можности да ја продолжам кариерата во вакви големи финансиски корпорации, јас решив да се насочам кон остварување на мојот сон. Нескромно ќе кажам дека имам талент и сум креативна душа која постојано е ‘’гладна” да ја преточи својата секојдневна инспирација во реален продукт кој ќе продолжи да инспирира и “изнудува“ насмевки. Со години наназад имав сугестии од моите најблиските да почнам да го работам ова и професионално бидејќи сите тие знаеа колку многу уживав кога ќе требаше нешто да организирам или декорирам. Еден ден буквално се разбудив и пресеков – сега е моментот да почнам! Големо влијание на мојата одлука имаше и еден мој пријател кој ме научи како да се борам за да бидам успешна и да се остварам на професионален план. Целиот период ја уживам несебичната поддршка од моите родители, брат ми и снаа ми и за тоа им сум неизмерно благодарна што верува во мене и целото време стојат позади мене. За да почне да се остварува тој сон ми требаше соработник од доверба, пријател, човек со енерија и исто така креативен партнер – Натали.

Натали: До идејата да ја создадеме нашата компанија La Feerie, дојдовме спонтано од еден секојдневен разговор со мојата бизнис-партнерка Ивона, кога си споделивме што нас не прави среќни во животот, па брзо увидовме дека нашите идеи, сличен карактер и поглед на светот премногу не спојуваат и мора да ја искористиме таа наша заедничка синергија да создадеме компанија која што ќе има мисија да направи многу луѓе среќни и задоволни. Јас моето формално образование го завршив во соседна Грција на факултетот за графички и внатрешен дизајн. Отсекогаш сум била привлечена од креативните естетски решенија што инспирираат и сум се трудела таа страст за креирање на уникатност да ја пренесам во се што работам. Како што спомена Ивона, подршката од најблиските е најбитна во еден почеток на нов бизнис па затоа подршката од моите најблиски ми е драга и секој коментар или сугестија од нив е секогаш добредојден кај мене. А кога ќе дојде збор за мојата енергија и мојата насмевка тогаш е задолжен мојот син :)

FOTO 4_LaFeerie

2.Кои се главните услуги кои La Feerie им ги овозможува на Вашите клиенти?

Ивона и Натали: Како што кажува нашето име: “Остварување на нивните соништа“, преку организација и декорација на свечености ( свадби, крштевки, веридби, девојачки, родендени за деца и возрасни). Нашата мисија е да испорачаме совршен настан.Ќе се погрижиме да го добиете идеалното место и најдобрите цени за кетеринг, шатори, музика, осветлување и тој простор да биде најубаво декориран соодветно на приликата. Тука сме да Ви помогнеме и за сите придружни работи во подготовката за настанот и специјалните изненадувања.Сакаме да бидеме Ваш партнер во една убава приказна на која со радост ќе се присетувате засекогаш!

3.Зошто според Вас е подобро да се ангажира компанија за организирање на настани, отколку тоа да се направи во сопствена режија?

Ивона: Секој си е професионален во својата област и дава се од себе да добие задоволен клиент, па така и ние. Ние стоиме позади многу организирани настани (свадби, родендени, веридби, домашни прослави, девојачки, дури и запросувања ). Како професионален тим соработуваме со најквалитетните компании во Македонија за осветлување, озвучување, поставување шатори, а  исто така имаме и наши тимови за фотографирање, музичка група, шминка, фризура. Нормално дека со сите наши услуги што ги нудиме околу планирање, органзиирање и декорација за клиентите се намалува стресот, бидејќи го избегнуваат целото трчање низ град и трошење време бидејќи има некој друг да “го мисли“ и организира тоа за нив а тие своето време можат да го искористат за други важни обврски.

Натали: Нашата услуга се сведува буквално од почеток со планирање на настанот, целосно органзиирање и координирање, се до најситен детал. По желба на домаќините ние присуствуваме и за време на целата прослава, постојано “сме на работа“ и внимаваме како тече целиот план и “сценарио“ за настанот и сме тука ако треба да примениме некој план Б. Покрај намалениот стрес и намалено трошење време, ние како професионалци имаме повеќе идеи, поголем и подостапен број на понуди што секако на нашите клиенти ќе им овозможи да добијат услуги по повластена цена и со тоа да заштедат.

FOTO 2 _LaFeerie

4.Каков е досегашниот фидбек од организираните настани? Што е она по што клиентите Ве препорачуваат најмногу.

Натали: Овој тип на работа најмногу “се рекламира“ сам од себе, со секој успешно реализиран настан. Нашата работа е наша најголема препорака, а задоволните клиенти – носат нови клиенти. Досега повеќепати сме добиле клиенти на сам настан што сме го организирале, што покажува дека нашата работа била видлива за гостите и тие посакале да ангажираат професионалци кои ќе се погрижат и нивната приватна забава да биде на високо ниво.

Ивона: Клиентите најмногу не препорачуваат поради нашата флексибилност, по начинот на соработка со нив, пријателски и професионален однос. На повеќето од нив им се допаѓа тоа што навистина имаме уникатни идеи и располагаме со богат материјал за работа. И по тоа што не наметнуваме нашии идеи, туку остваруваме нивни желби а со нивна дозвола вметнуваме наши предлози.

5.Кој настан досега Ви бил посебно драг?

Ивона: Секој настан го работиме со посебно задоволство, но доколку би морала да одвојам – мене еден од посебно драгите ми е веридбата на мојот брат. Исто така уживам и на секој детски роденден кога ќе ги видам задоволни лицата на дечињата.Непроцелниво е и чуството кога некоја возбудена невеста на свадба ќе влезе во салата и кога ќе ни каже, фала Ви…“баш вака и замислував“.

Натали:  Верувајте дека сите настани ни се посебно драги и целосно уживаме и подеднакво се внесуваме за секој нов клиент. Секоја прослава има своја убавина. Детските родендени ете можеби би ги издвоила бидејки најсрекна сум кога ке имаме задоволни мали клиентчиња :)

6.На кој начин нашите читатели можат да стапат во контакт со Вас?

Ивона и Натали: Сите читатели може да не контактираат преку фејсбук фан страната на LaFeerie на која можат да ги најдат и нашите телефонски броеви. Отворени сме за разговор и ги очекуваме Вашите прашања !

FOTO 3_LaFeerie

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365