Home » Во фокусот » Интервју со Јован Соколовски, сопственик на Centar.mk

Интервју со Јован Соколовски, сопственик на Centar.mk

Маркетинг365.мк разговараше со Јован Соколовски,  сопственикот на компанијата СКАЈ ПРЕСС, издавач на неколку популарни онлајн медиуми во Македонија и регионот, меѓу кои и новинската агенција Скај пресс која е основана од 2011-та година, а во август 2018-та се ребрендираше под името “Centar.mk”.

M365: 2018-та година за новинската агенција Centar.mk беше многу важна кога направи храбар чекор ребрендирајќи го својот информативен продукт од Скај-пресс во Centar.mk?

Точно така, Скај-пресс од 23-ти август 2018-тата година го ребрендираше својот информативен онлајн продукт во Centar.mk, со што отидовме и чекор понатаму, носејќи една нова свежина во онлајн медиумскиот сектор во Македонија, промовирајќи еден поинаков модерен концепт кој ги следи светските трендови, можеме да се пофалиме дека сме на добар пат да го направиме Centar.mk, онлајн медиум на кој читањето вести ќе биде убаво искуство за читателот.

Иновативни сме и со разни креативни и брендирани рубрики и сервиси преку кои ќе се поврземе директно со нашата читателска публика. Нудиме соддржини за секоја публика, од најмали до најстари, нудиме вести од минута во минута, но место имаме и за оние кои обожуваат автомобилизам преку рубриката Автоцентар, Пренесуваме одлични кујнски рецепти во нашиот бренд кој неочекувано се стекна и со голема популарност под името “Кујната од Centar”, тука се и категориите за здравје, забава,направи сам, showbiz. Само во септември-октомври имавме 3-4 интервјуа со важни личности. Специјален простор имаме и за бизнис секторот преку рубриката Бизнис-Центар.

Нашата зацртана цел е Centar.mk да биде ценет медиум, кој меѓу првите во Македонија ќе ги соопштува најновите вести од Македонија и секогаш ќе биде во средиштето на збиднувањата, со брзи, но и не два, туку три пати проверени вести кои за да бидат објавени на нашата платформа мора да бидат точни и вистинити.

Едно можам да гарантирам, а тоа е дека на Centar.mk никогаш нема да видите непрофесионализам, лажни вести, навредувачки соддржини. Нашето најважно правило е да се работи во интерес на нашите ценети читатели кои заслужуваат да добијат вистинити вести и анализи и кон тоа ќе се стремиме во развојот на нашата платформа за вести,  а истовремено бенефит да уживаат и нашите клиенти кои закупуваат рекламен простор.

M365: Какви се ефектите по ребрендирањето на порталот?

Иако согласно повеќе-месечните анализи, очекувавме само добри перформанси задржувајќи ја посетеноста без да имаме некои поголеми потреси, добивме уште подобри, неверојатни резултати на подобро за што искрено сме многу среќни. Бележиме раст  и во бројот на барања за објавување на рекламни огласи, особено за нашите Inline банери кои носат многу солидни резултати. Верувам, убеден сум, дека тренд кај огласувачите ќе биде да се рекламираат на Centar.mk.

За радување е тоа што имаме силен раст на читателската публика, во време кога во светски рамки низ светските медиумски мрежи се бележат полоши резултати во однос на претходната година, а најмногу поради намалувањето на опсегот на социјалната мрежа фејсбук.

M365: Каква е соработката со маркетинг агенциите?

Имаме солидна соработка со голем дел од  маркетинг агенциите во Македонија со оглед дека на национално ниво функционираме скоро 8 години, постојано ја прошируваме листата на соработници од маркетинг секторот, стоиме на располагање и за нови партнери кои можат да не’ контактираат во секој момент. Имаме респонсивен маркетинг сектор, кој најчесто го водам и лично јас, нудиме услови скроени за сечии потреби и можности..

Во маркетинг агенциите гледаме партнери со кои можеме да бидеме и компактибилни креирајќи пакети за соработка на индивидуално ниво согласно потребите за секој клиент поединечно. Отворени сме за соработка на дневна основа, имаме секојдневна комуникација, во секое време, преку разни канали фејсбук, меил, телефон и директни состаноци.

За агенциите, како и за компаниите, нудиме одлични услови за рекламирање преку квалитетни позиции за рекламни банери кои се појавуваат само на одредени позиции, почитувајќи ги строгите правила на “Гугл” , со тоа што нашите рекламни позиции носат и солидни резултати. Кај нас нема да видите сомнителни реклами или банери кои го попречуваат текстот и ги нервираат читателите. Позициите се елегантно лоцирани и целосно вклопени во дизајнот што сајтот со рекламните креативи добива уште поубав на очи дизајн.

Покрај сево ова нудиме и можности за брендирање/спонзорирање на рубрики на Centar.mk, објавување на PR текстови. Притоа ќе ни биде чест да добиваме идеи, но и забелешки и сугестии во однос на нашата работа, со цел на нашите клиенти да им овозможиме уште подобри резултати преку подобрување и надоградба на нашите производи.

M365: Колку сте задоволни од продажбата на огласниот простор преку агенциите и компаниите?

Centar.mk има простор од меѓу 5 и 6 милиони прикажувања на рекламни банери на топ позиции на месечно ниво. Речиси и невозможно е постојано да се продадат сите слободни импресии на рекламни банери, но затоа ние се трудиме да издадеме што е можно повеќе рекламен простор.

Мислам дека компаниите и маркетинг агенциите треба повеќе да вложуваат во онлајн огласувањето бидејќи тоа носи и резултати.

Анализите покажуваат дека најголемите портали сите заедно имаат приход далеку помал од една национална телевизија, што е поразително, знаејќи дека луѓето се се’ повеќе онлајн.

Факт е дека во Македонија не се цени доволно рекламирањето на интернет.

Ме чуди како е можно 500 евра закуп на оглас во дневен печат за еден ден да бидат ок, а 500 евра буџет потрошен на еден портал на неделно ниво да бидат премногу, каде што сигурно би закупиле стотици илјади прикажувања.

Сакам да потенцирам дека рекламирањето на интернет има своја вредност и тоа треба да се цени.

За интернет порталите се создава амбиент дека сите се исти, ги има премногу, не носат резултати, но овие тези се 100 проценти неточни, невистинити и брутално навредувачки кон онлајн медиумскиот бизнис. Впрочем, дали некој проверил колку од порталите имаат свои фирми? Колку од нив имаат објавено импресум кој соддржи име на одговорно лице, фирма, контакт адреса? Колку од нив ги почитуваат етичките кодекси за професионално известување во медиумите? Кога ќе направиме селекција на ваквите портали кои имаат фирми преку кои исплаќаат плати, придонеси и даноци од една страна, портали кои функционираат преку невладини организации од друга страна, како и оние најбројните портали кои функционираат без да се знае кој е сопственик од трета страна, тогаш бројката на релевантни интернет портали ќе излезе на виделина и таа е многу мала.

Ако сакаме да имаме квалитетни онлајн медиуми, а дефинитивно сакаме, треба повеќе пари да се вложуваат во интернет медиуми кои имаат интерес да се развиваат во уште посериозни медиумски играчи, а со тие пари тие ќе вложуваат во повеќе авторски текстови, свои видеа, фотографии и други соддржини со цел да бидат поатрактивни на своите читатели. Значи, тука имаме ефект на “врзани садови” – поддржете ги квалитетните медиуми и оние кои сакаат тоа да станат и ќе имате квалитетни соддржини. За ова, свој допринос треба да дадат сите чинители во овој сектор, како самите сопственици на медиумите, така и огласувачите (компаниите, агенциите), донаторите и  институциите.

M365: Кој е вашиот став за феноменот “лажни вести”?

Лажните вести секогаш ги имало и секогаш ќе ги има, меѓутоа со добро едуцирани читатели и со вложување во релевантните интернет медиуми во Македонија за многу краток период може да се создадат одлични услови за работа, иако во вакво време на технолошки напредок кога вестите стигнуваат од секунда во секунда лажните вести преку најразлични канали ќе ги има, се додека има и креатори на лажни вести.

За поздравување е фактот што многу организации и институции вложуваат огромни средства во невладини организации за едукација на читателската публика која треба да познае што е точна, а што лажна вест, но зачудува фактот што досега не е понудена соработка на овие организации кон медиумите кои всушност ја имаат главната улога. Јас мислам дека во борбата против лажните вести треба да директно да бидат вклучени и медиумите преку комплетна професионализација.

Centar.mk непрекинато се бори против лажните вести, истовремено ги почитува професионалните новинарски стандарди за известување во медиумите.

M365: Кои се плановите за 2019-та?

Во 2019-тата година ќе се стремиме да ја заддржиме и да зајакнеме нашата позиција како еден од најчитаните интернет портали за дневни вести.

Она што сега го знам е дека на самиот старт од 2019-та следејќи ги светските трендови ќе ги ре-брендираме нашите рубрики за здравје и showbiz во Zdravo.mk и Ritam.mk.

Исто така можам да најавам дека како компанија подготвуваме и еден нов сервис за кој веќе напорно работиме повеќе од 6 месеци. Од овој сервис бенефит ќе имаат директно и нашите читатели, но и огласувачите. Се надевам дека својата реализација ќе ја доживеее на почетокот во 2019-тата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365