Кристијан Руп е Извршен секретар на Австриската Сојузна Влада, кој ја отпочна иницијативата за е-Влада на Австрија во периодот од 2003 до 2006. Австрија постана водечка земја во овој контекст при Европската Унија. Од 2006-та Руп е портпарол на платформата „дигитална Австрија“, каде ги координира сите проекти на е-владата на федерално и локално ниво, како и стандардите за ИКТ во јавната администрација. Од 2016-та, тој е ополномоштен за дигитализација на Австриската Федерална Стопанска Комора. Исто така, Кристијан Руп е координатор на SME Digitalиницијативата, програма за финансирање од 10 милиони евра, наменета да им помогне на малите, средните претпријатија и нивните вработени во процесот на дигитална трансформација.
Во ноември, Кристијан Руп доаѓа во Скопје, како говорник на Самитот Македонија2025, каде ќе зборува на тема поврзана со дигиталната трансформација и подобро функционирање на бизнис-секторот. Токму во тој контекст, го водиме и ова интервју.
M365: Господине Руп, за почеток, дали можете да ни кажете нешто повеќе за платформата Digital Austria? Кои се некои од најважните придобивки од оваа платформа на национално ниво?
Федералната платформа Digital Austria, создадена во 2005 година, е централната точка во eGovernment стратегијата и координацијата помеѓу федералната Влада, провинциите, општините и месните заедници во Австрија. Предноста да се има стратешко координационо тело за сите проекти е очигледна. Проектите се меѓусебно координирани и сите оние проекти кои се премногу слични еден на друг може да се препознаат и удвојувањето на работа да се избегне. Стандардите и алатките на eGovernment може заеднички да се развиваат и да се споделуваат, како и искуствата.
M365: Како консултант за digital менаџмент, Вие сте вклучени во процесот за Digital Balkan. Кои се главните предизвици во оваа насока и дали имате забележано напредок во овие држави? Каков е случајот со Македонија?
Постојат четири главни прашања (и неколку во позадина) и предизвици кои секаде се исти во консултативиот процес за „дигитизација“ – ова се однесува и на јавниот и на приватниот сектор:
- Како може технологијата да помогне или што сакате да постигнете? à Технологијата не е сé, Вие мора да го промените и мајндсетот и да ги подвлечете веројатностите.
- Дали постои политичка волја и дали правната структура е спремна за дигитализација? à Можете да бидете успешни во оваа промена на менаџерскиот процес само ако постои политичка волја и силна политичка сила која стои позади неа (што значи дека мора да биде менаџерска одлука и стратегиски план од највисок карактер)
„Јавниот сектор е како голем брод,
потребна му е јасна одлука однапред
пред вистинската промена на курс да се случи.“
- Дали внатрешната организација а подготвена за дигитализацијата и дали работниот кадар ги има потребните дигитални вештини? Односно, дали знаете колку регистри имате? Дали знаете кој ги води и ажурира овие регистри? Дали ги познавате индивидуалните податочни полиња? à Ви треба регистар на регистри и дури тогаш можете да започнете да го дефинирате интерфејсот и електронски да ги комбинирате овие регистри за да бидат поефикасни.
- Дали го познавате вашиот клиент? Односно, дали знаете колку услуги нудите за вашите клиенти? Дали знаете колку клиенти ги користат овие услуги? Дали знаете колку долго ќе трае административниот процес за секоја од овие услуги? à Потребен ви е каталог на услуги и дури тогаш ќе знаете каде да го започните електронското патување на клиентите. Дали некогаш го имате прашано клиентот што тој сака и дали го вклучивте во развојот на услугата?
M365: Што претставува иницијативата SME DIGITAL? Дали и македонските компании може да се приклучат?
Дигитализацијата не е софтверско ужурирање или кујнски рецепт. Тоа мора да биде засебен стратегиски план во зависност од државата, гранка на индустријата, вештините на вработените и определбите на клиентите.
„Дигитализацијата е патување, а не дестинација!“
Особено на малите и средни претпријатија им е потребен водич на ова патување. Со таа цел, во Австрија обучивме и сертифициравме специјални „експерт (консултанти) за дигитална трансформација“ за да им помогнат на малите и средни претпријатија. Второ, развивме спонзорска програма специјално наменета за мали и средни претпријатија (особено за компании со еден човек и компании со помалку од 50 вработени) и акциски план. Трето, нудиме специјални обуки за малите и средни претпријатија да научат дигитални вештини. Австриската SME DIGITAL иницијатива веќе беше трансферирана од Австриската федерална економска комора до Комората за трговија и индустрија на Србија и веќе ги нудиме овие програми за обука и сертификацискиот процес до сите балкански држави.
M365: Покрај многуте активности во Вашата агенда, во ноември ќе бидете и дел од самитот Дали може да откриете врз кој аспект од широката тема на дигитална трансформација ќе се осврнете потемелно?
Ќе ги образложам токму овие искуства во панел дискусијата: како може да успеете во процесот на дигитална трансформација, зошто не постои патека која ја заобиколува и каде лежат препреките и предизвиците.
„Дигитализацијата го менува целосниот синџир на вредности,
но мораме да сфатиме дека дигиталната трансформација е можност, а не опасност!“
M365: За крај, дали има нешто што би сакале дополнително да споделите, со цел учесниците на самитот Macedonia2025 да научат нешто повеќе за Кристијан Руп?
Јас сум „технолошки евангелист“ уште од времето на доцните 80-ти и бев вклучен во развојот на дигиталните стратегии на повеќе од 30 држави на 4 различни континенти и сé уште учам колку брзо технологијата може да промени или да наруши некој сектор. Често сме детерминирани од нашата култура, од нашата семејна позадина, пријателите и образованието, така што промените некогаш можат да бидат дури и страшни и ова го знаеме уште од времето на филозофот Хераклин – секогаш присутната промена е фундаменталната есенција на Универзумот. Затоа соработката е главниот клучен збор за следните години т.е. заедничкото работење со роботите – со цел луѓето сé уште да бидат во центарот и да останат таму уште долго време.
„Понекогаш вештачката интелигенција е подобра од човековата глупавост!“